ЕУ- Дали Интернетот влегува во ера на цензура? | Економија | DW | 26.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

ЕУ- Дали Интернетот влегува во ера на цензура?

Дали реформата на законот за авторски права на ЕУ ќе значи и крај на дигиталната ера каква што ја знаеме, или се работи само за компензирање на авторите? Европскиот парламент денеска ќе гласа за контроверзните измени

Од платформата Change.org тврдат дека собрале над 5 милиони потписи против реформата на законот за авторски права на ЕУ. Но, овие бројки не можат да бидат независно потврдени- невозможно е да се дознае кој точно гласал. Но како и да е, едно е јасно, иницијаторите на оваа кампања сакаат со големата бројка на потписи да ги импресионираат законодавците во Европскиот парламент, каде денеска (26.03) ќе се гласа за фундаментална реформа на законот за дигитални авторски права.
Деловите кои предизвикуваат најголема загриженост можат да се прочитаат во членовите 13 и 17. Законот предвидува дека во иднина, онлајн платформите ќе мораат да ги детектираат и исфилтрираат видеата или музиката која ќе биде прогласена за илегална согласно законот за авторски права.
Критичарите велат дека за да ги откријат заштитените материјали, платформите како Јутјуб најверојатно ќе мора да користат автоматски филтри за прикачување материјали кои, пак, можат да имаат релативно високо на грешки. Овие филтри не се обврзувачки- всушност тие не се ни споменуваат во предложениот закон- но најверојатно се единствениот практичен метод за анализирање на огромно количество податоци. Интернет експертите и активистите велат дека на овој начин би можело да се спречува и прикачување на легална содржина.

Axel Voss CDU Europäisches Parlament (picture-alliance/dpa)

Аксел Фос вели дека законот нема да ја ограничи слободата на интернетот

Стравот од филтрирање

Некои противници на контроверзната регулатива дури тврдат дека тоа ќе значи и крај на интернетот каков што го знаеме. Но за Аксел Фос, европратеник од редот на партијата на германската канцеларка Ангела Меркел- ЦДУ, сето тоа е големо претерување. Фос е известувач кој го поднесе предлогот за реформа на законот за авторски права на Европската комисија пред парламентот. Тој го бранеше предлог-законот во бројни интервјуа, тврдејќи дека неговата цел не е да се намали слободата на говорот.
Цитати, сатира или мемиња, се уште ќе постојат, тврди тој. Целта на реформата не е да се воведе „филтер за прикачување“, туку да им овозможи фер компензација на авторите и уметниците чија работа често илегално се копира. „Целта е да им се каже на платформите: Можете да го користите вашиот бизнис модел, но мора и да платите права за тоа“.

Berlin Proteste gegen EU-Urheberrechtsreform (Reuters/H. Hanschke)

Активистите се противат на воведувањето „аплоуд“ филтри. Протести во Берлин на 23 март 2019


Минатиот викенд се одржаа демонстрации против законот во 40 германски градови. Фос и други политичари пријавија дека добивале и смртни закани, додека на социјалните мрежи се води вистинска вербална војна.
Сега одлуката е на Европскиот парламент. Доколку мнозинството пратеници гласаат против реформата, тоа ќе биде за првпат пленарното заседание да одбие закон кој бил одобрен од Комисијата.
Поддржувачите на законот предупредуваат дека неговото отфрлање ќе значи и дека ЕУ нема да може да спроведе никаква реформа во овој сегмент. Оттука, оние кои поседуваат авторски права за креативни дела и натаму ќе остануваат без ништо доколку корисниците ги преземаат нивните дела.
Европскиот суд на правдата веќе повика на модернизација на законот за авторски права во согласност со дигиталната ера и ги осуди бесправните кражби на заштитен авторски материјал.



DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама