1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Symbolbild Fake News im Netz
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gabbert

ЕУ го проширува специјалниот тим против лажните вести

Бенџамин Најт
26 јануари 2017

Агенцијата на ЕУ која се бори против кампањата за дезинформирање на Кремљ ќе добие дополнителни ресурси во пресрет на изборите во ЕУ. Тимот „Ист Стретком“ има само десет луѓе во борбата против лажните вести.

https://www.dw.com/mk/%D0%B5%D1%83-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B8%D0%BC-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/a-37279989

Европската унија ги засилува напорите против лажните вести кои ги шири Кремљ. Според портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, специјалниот тим „Ист Стретком“ ќе добие дополнителни вработувања во 2017. – во пресрет на изборите во Франција и Германија.

Од „Ист Стретком“ велат дека досега се концентрирале на Источна Европа во обид да креираат „позитивен ЕУ наратив“ во регионот преку објаснување на политиките и истовремено анализирање на дезинформациите и „откривање на митовите“. Но, од неодамна тие се фокусирани сѐ повеќе на корегирање вести поврзани со Германија – како сторијата на Брајтбарт, во која се вели дека ноќта на Нова година група муслимани ја запалиле најстарата црква во Дортмунд.

Тимот исто така ја разоткри вистината за сторијата објавена кон крајот на декември од страна на руската државна новинска агенција РИА Новости, во која се тврди дека 700.000 Германци ја напуштаат земјата секоја година поради бегалската политика на канцеларката Ангела Меркел. Ова, исто така, не е вистина. Официјалната државна статистика вели дека годишно околу 150.000 луѓе емигрираат од Германија, но не се регистрира мотивацијата да го сторат тоа. Невистинитоста на сторијата не беше изненадување имајќи предвид дека изворот за споменатиот број на емигранти цитиран од РИА Новости не е официјална државна агенција, туку иницијаторот на антиисламистичкото движење Пегида, Луц Бахман.


Deutschland Silvester in Dortmund
Ноќта на Нова година ракета од огномет запали мрежа од скеле на црква во Дортмунд, по што беше раширена лажна вест дека група муслимани ја запалиле најстарата црква во градотФотографија: picture alliance/dpa/P. Bandermann

Сизифовска задача

Постои мрежа од луѓе и организации кои ги пријавуваат лажните вести на „Ист Стретком", чии вработени ги истражуваат и за нив пишуваат известувања во кои се дадени факти за вистиноста на вестите. Тие подоцна стануваат дел од повеќејазична онлајн-база на податоци.

Тимот, дел од Европскиот сервис за надворешна акција (ЕЕАС), беше формиран во март 2015 година за „справување со кампањата за дезинформирање на Русија“. Тоа е скромна операција со десет вработени кои ги анализираат лажните вести и објавуваат информации со кои ги негираат.

„Нашите ресурси не се соодветни на големината на предизвикот“, изјави неименуван официјален претставник на ЕУ. „Мора да се сфати големината на ресурсите кои од другата страна ги вложува Русија“.

Постојат повеќе извештаи кои говорат за „итнернет тролови“ финансирани од Русија кои се користат за дезинформирање. Но тешко е да се докаже дека одредена лажна вест е поврзана со руската влада. Со оглед на тоа дека „Ист Стретком“ не ги квантифицира податоците и се потпира на мрежата од соработници за лоцирање на лажните вести, тие речиси никогаш немаат доказ дека Кремљ стои позади некоја лажна вест.

Кристијан Штекер, професор по дигитални комуникации на Универзитетот по применети науки во Хамбург и поранешен новинар во „Шпигел“, се сомнева во ефикасноста на специјалниот тим против лажните вести и поради тоа што многумина го доживуваат како пропагандна алатка на ЕУ. „Прашањето за тоа дали луѓето кои реагираат на лажните вести се отворени за поинакви толкувања и корекции, останува отворено“, вели тој. „Веројатно постои пропорција на луѓе до која не може да се допре воопшто“.


Deutschland Russische Fahne bei Pegida-Demonstration in Dresden
Руско знаме развеано на демонстрации на Пегида во Дрезден (16.11.2015)Фотографија: DW/R. Goncharenko

„Но, со обемот на дезинфорирање кој го гледаме сега, секоја помош е добредојдена“, изјави Штекер за ДВ. „Не е лесно за медиумските организации или НВО да издвојуваат средства за борба против лажните вести. Доколку ЕУ е подготвена да потроши повеќе пари таму, а не за мислења или интерпретации, тоа ќе биде добредојдена помош за благородна кауза“.

Руска конекција со крајната десница?

Лажните вести не се новост во Германија. Штекер вели дека слични лажни вести – често за наводни криминали на бегалци – се ширеле во Германија од средината на 2015 година. Во јануари 2016 година, информациите дека 13-годишно девојче од Русија било силувано од мигрант во Берлин беа раширени низ јавноста, дури и откако девојчето призна дека ја измислило целата приказна. Тоа поттикна критика кон берлинската полиција од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров: „Веста дека таа исчезнала беше чувана како тајна многу долго време“, рече тој на прес-конференција.

„Дали обемот на вакви приказни ќе се зголеми во 2017 година? Мислам да“, изјави Штекер. „Луѓето кои ги шират овие информации очигледно имаат силна мотивација да влијаат врз исходот од парламентарните избори“.

Сепак, откривањето на изворот е тешка задача. Понекогаш германските крајно десничарски групи се наведуват како извор, но дали позади нив стои Русија е тешко да се каже. „Има неколку крајно десничарски конспиративни публикации во германскиот медиумски простор, како што е ‘Епоха на времето' на пример, и не се знае од каде навистина доаѓаат парите“, вели тој. „Но, со сигурност, има нов развој во Германија – дел од луѓето со крајно десничарски ставови се чини имаат голема љубов кон руската влада“.

Наместо „Сизифската задача“ за откривање на лажните вести, Штекер предлага поинаква стратегија за „Ист Стретком“: „Она што е навистина неопходно е да се следат парите и да се докаже дека тие публикации се финансирани или се поддржани од руски ентитети. Не мислам дека тоа се случило досега".

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница