Ескалација на протестите во Перу | Свет | DW | 26.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација на протестите во Перу

Со неговата одлука за помилување на својот претходник Фуџимори, претседателот Кучински предизвика длабок раскол во Перу. Демонстрациите ескалираа во насилство на улиците.

Илјадници Перуанци излегоа на улиците во знак на протест поради помилувањето на поранешниот претседател Алберт Фуџимори. Околу 5.000 луѓе потестираа ширум земјата, носејќи транспаренти со фотографии на Фуџимори и со пораки „Убиец“ и „Крадец“.

Поранешниот претседател на Перу беше осуден во 2009 година на 25 години затвор поради злосторства против човештвото за време на неговото владеење од 1990 до 2000 година. Тоа беше прва пресуда на демократски избран шеф на држава на една латиноамериканска земја пред домашниот суд.

Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински, ја соопшти во неделата одлуката за помилување на поранешниот претседател. Кучински по повод Божиќ рече оти одлуката да се ослободи Фуџимори ја донел поради хуманитарни причини затоа што лекарите востановиле дека поранешниот лидер на Перу е неизлечиво болен.

Одлуката за помилувањето следеше по гласањето за импичмент на претседателот на Перу. Парламентот во Перу не го изгласа повлекувањето од функцијата на шефот на државата, кој обидот за импичмент го нарече „обид за државен удар“.

Кучински се бореше за политички опстанок откако истрагата на опозицијата покажа дека бразилскиот конгломерат Одебрехт, кој се најде во центарот на најголемиот корупциски скандал во Латинска Америка, уплатил 782.000 долари на сметката на приватната консултантска фирма на Кучински пред 10 години.

Перуанскиот претседател е на функција од јули 2016 година, откако на изборите ја порази Кеико Фуџимори, ќерката на Алберто Фуџимори. Кеико Фуџимори оттогаш ја предводи опозицијата.

 

Реклама