Ескалација на недоразбирањата меѓу Турција и Австрија | Свет | DW | 23.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација на недоразбирањата меѓу Турција и Австрија

„Дикататура во Турција“, „радикален расизам“ во Австрија: владите во Виена и во Анкара во последно време воопшто не се воздржуваа од меѓусебни навреди. Сега спорот би можел целосно да ескалира.

Анкара го повлече турскиот амбасадор од Виена на консултации за точно преиспитување на односите меѓу двете земји, соопшти турскиот министер Мевлут Чавушоглу. „За жал досегашните причини за оддржување на нашата соработка со Австрија отпаднаа“, изјави Чавушоглу. Истовремено тој ја обвини Виена дека ја поддржува забранетата Курдска работничка партија -ПКК. Заднината зад ваквата изјава би можела да биде еден собир на Курдите во Виена кој во минатата сабота се оддржа под мотото „Демонстрации против повредите на човековите права во Турција и изаолацијата на Абдула Оџалал (лидерот на ПКК)“.

Односите меѓу Австрија и Турција се се затегнати веќе со недели. По обидот за пуч и масовните чистки во Турција на осомничените поддржувачи на обидот за преврат, австрискиот канцелaр Кристијан Керн меѓудругото побара и прекинување на пристапните преговори на ЕУ со Турција. Анкара во одговорот на тоа ја обвини Виена за „радикален расизам“. Австрискиот министер за одбрана Петер Доскоцил пак ја спореди Турција со „диктатура“.

Christian Kern

Австрискиот канцелар Кристијан Керн

"Сликата за Турција дамкосана"

За голем револт во Анкара неодамна се погрижи насловот во австрискиот весник „Кронен Цајтунг“, кој краток период можеше да се види на екраните на виенскиот аеродром. Во него содржаното тврдење дека Турција дозволува секс со деца под 15 години, „ја дамокосува сликата за Турција и е погрешно“, разлутено коментираше еден турски дипломат.

Турција притоа го повика австрискиот амбасадор да му врачи протестна нота поради пишувањата на „Кронен Цајтунг“. Во реакцијата на тоа, австриското министерство за надворешни работи истакна дека турската реакција се зема предвид, но притоа се упатува на слободата на печатот која е уставно гарантирана во Австрија.

Насловот критикуван од страна на Турција се однесуваше на пресудата на турскиот уставен суд со која беше укинат пасосот за зрелоста за брак во турскиот кривичен законик

Уставниот суд со тоа ја прифати пресудата на еден окружен суд кој одлучи дека актуелниот закон оди предалеку. Децата меѓу 12 и 15 години се во состојба, да го разберат значењето на сексуалниот акт, и тоа мора казнено-правно да биде земено предвид. Граѓанските организации, но и водечки политичари како шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром жестоко ја критикуваа одлуката на уставните судии во Турција.

DW.COM

Реклама