Ескалација меѓу Израел од една и Сирија и Иран од друга страна | Свет | DW | 10.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ескалација меѓу Израел од една и Сирија и Иран од друга страна

По неколку месеци Израел повторно нападна цели во соседна Сирија. Повеќето бомби биле насочени против шиитската милиција Хезболах. Провладините сириски сили пак собориле еден израелски авион.

Израелската војска соопшти дека извела нов „голем напад“, врз 12 ирански и сириски цели во Сирија. Погодени се противавионски одбраnбени батерии и четири ирански цели, но не е наведено кои, туку само оти „припаѓаат на иранскиот воен апарат во Сирија“, се наведува во соопштението.

Тоа е најнов напад во цела низа прекугранично разменување на оган кое изби кога рано утрината еден ирански дрон е пресретнат над Израел од страна на израелски воен хеликоптер. Во одговор на таа провокација, како што е наведено, Израел нападнал ирански цели во Сирија.

Потоа сирените се огласиле вторпат денеска на северот на Израел и сириската државна телевизија јави оти одекнале експлозии во областа на Дамаск, нарекувајќи го тоа „нова агресија на Израел“.

Повеќе на темата:

-Израел, Хезболах и Иран - се спрема ли нова војна?

-Сирија: Експлозиите кај Дамаск предизвикани од израелски проектили

-Израел меѓу сите фронтови

Израелската војска претходно соопшти дека по соборувањето на дронот нападнала ирански цели во Сирија , меѓу нив и она од каде што е лансиран дронот.

Исто така, дополнително соопшти оти еден израелските пилот е сериозно ранет, кога итно скокнал од својот авион Ф-16 бидејќи се нашол на удар од сириски оган. Вториот пилот е лесно повреден. Авионот паднал на северот на Израел по силен противвоздушнен оган од Сирија.

Војската на Израел изрази подготвеност „за разни сценарија“ и, како што е наведено, „ќе продолжи да делува во согласност со проценките од ситуацијата“.

Портпаролот на армијата Јонатан Конрикус изјави дека Иран и Сирија си „играат со оган“, заканувајќи им се дека ќе платат висока цена бидејќи иранскиот дрон утрината навлегол во воздушниот простор на Израел. Тој меѓутоа нагласи дека Израел не се стреми кон ескалација. 

Провладините сили во Сирија но и Иран негираа дека ирански дрон навлегол во израелскиот воздушен простор и од своја страна исто така се заканија со жесток одговор на израелските напади.

Од почетокот на вооружениот конфликт во Сирија во 2011 години израелските сили секогаш одново напаѓаат целиво соседната земја. По правило Израел притоа ги напаѓаше испораките на оружје од Иран за либанската шиитска милиција Хезболах. таа со години на назад се бори на страната на трупите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

 

DW.COM

Реклама