1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Spanien Barcelona Flughafen | Protest gegen Verurteilung von Politikern | Ausschreitungen
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gene

Ерупција на протести во Барселона

БГ
14 октомври 2019

Специјални полициски единици се судрија со демонстранти пред аеродромот во Барселона, откако Врховниот суд им пресуди долгогодишни затворски казни на 12 каталонски политички лидери.

https://p.dw.com/p/3RHIe

Најмалку 37 луѓе се повредени, а над 100 летови се откажани, во протестите на аеродромот Ел Прат во Барселона кои избувнаа вечерва како реакција на пресудата на каталонските политички лидери. Полицијата потврди дека користела пендреци и куршуми од пена за да ги растури стотиците демонстранти кои навлегоа во аеродромските сали. Протестите се организирани од Демократско цунами, групација која се залага за независност на Каталонија од Шпанија. Десетина полицајци биле повредени во судирите.
Врховниот суд на Шпанија во текот на денот им изрече тешки затворски казни на политичките лидери кои ја поддржуваат сепаратистичката кауза и учествуваа во организацијата на референдумот за независност на богатата покраина.
Шпанскиот в.д. премиер Педро Санчез изрази надеж дека пресудата ќе биде пресврт во долготрајниот спор меѓу државните власти во Мадрид и сепаратистите во Барселона. Санчез оцени дека судската пресуда докажала дека обидот за сецесија во 2017 година станал „бродолом“. Тој ги повика граѓаните да „ги остават настрана екстремистичките позиции“ и да „започнат нова фаза“ за Каталонија.
Но пресудата ги разлути сецесионистите кои масовно излегоа на улиците на Барселона и други градови. Демонстрантите запреа и неколку возови, блокирајќи ги железничките линии со запалени гуми и дрва. Многу демонстранти на своите ревери носеа жолти панделки во знак на солидарност со затворените политичари.
Регионалниот претседател на Каталонија Чуим Тора ја прогласи судската одлука за „акт на одмазда“ и најави дека тоа „нема да не спречи за да ја спроведеме својата одлучност да изградиме независна држава“.

Spanien, Barcelona - Protest
Протестите попладнево започнаа на главниот плоштад во БарселонаФотографија: Reuters/A. Gea
Spanien Barcelona Flughafen | Protest gegen Verurteilung von Politikern | Ausschreitungen
Во судирите на демонстрантите со полицијата има голем број повредениФотографија: Getty Images/AFP/L. Gene

Деветмина од обвинетите каталонски лидери добија затворски казни меѓу 9 и 13 години поради нелегално организираниот референдум, а четворица од нив беа дополнително осудени за злоупотреба на јавни фондови, уште тројца добија затворски казни за непочитување.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Фатмир Бесими, министер за финансии

Бесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница