Ердоган ја критикува кусогледата политика на ЕУ кон Западен Балкан | Свет | DW | 10.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ердоган ја критикува кусогледата политика на ЕУ кон Западен Балкан

Остри критики од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон ЕУ поради блокадата на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, на самитот на Југоисточна Европа во Сараево.

Кусогледиот антиимигрантски популизам во некои земји-членки на ЕУ ја блокира интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, со што ја слабее и регионалната стабилност, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на економскиот самит на земјите од Југоисточна Европа во Сараево.

На балканскиот самит беше видлива длабоката разочараност од неисполнувањето на ветувањата од страна на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија.

Ердоган и други говорници на самитот ја критикуваа ЕУ поради забавеното проширување на Унијата.

„Неодамна видовме дека некои кусогледи популистички кругови ја блокираа политиката за проширување на ЕУ. Негативните трендови кон поделби и дискриминација се раширија низ континентот и го загрозуваат не само внатрешниот мир во ЕУ... туку и надежта и потенцијалот на балканскиот регион“, рече Ердоган.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ги повика другите западнобалкански лидери да усвојат јасен, заеднички пристап во однос на очекувањата за односите со ЕУ.

„Загрижени сме поради забавувањето и замаглувањето на политиката на проширување“. Тој рече дека ЕУ не ги укинала визите за косовските граѓани и не одобрила отворање на следното поглавје од преговорите со Црна Гора, и го одложила одобрувањето на кандидатскиот статус за БиХ за подоцна годинава.

„Верувам дека прашањето за вистинската перспектива за проширување ќе биде отворено многу наскоро- дали ние, земјите од Западниот Балкан и ЕУ, ќе бидеме привилегирани партнери или ќе се вратиме назад во позиција на соседи кои единствено ја споделуваат загриженоста за иднината на нашиот заеднички континент“, рече Ѓукановиќ.

DW.COM

Реклама