Ердоган прогласи вонредна состојба и лов на „ѓуленистите“ | Свет | DW | 21.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган прогласи вонредна состојба и лов на „ѓуленистите“

Во Турција денеска стапи во сила тримесечната вонредна состојба насочена кон следбениците на осомничениот организатор на пучот Фетула Ѓулен.

Владиниот портпарол Нуман Куртулмус рече дека вонредната состојба ќе биде искористена за борба против „паралелните структури“, термин користен од владата за исламскиот свештеник Ѓулен и неговите следбеници.

Турција бара екстрадиција на Ѓулен, иако тој негира учество во пучот во кој загинаа над 260 луѓе, а преку 1.500 беа повредени. Анкара испрати четири досиеја со докази до Вашингтон, но Стејт департментот одбива да каже дали тие претставуваат формално барање за екстрадиција.

Заменикот турски премиер Мехмет Симшек инсистира дека вонредната состојба нема да ги намали основните слободи, вклучително и ограничување на движењето, собири и слобода на медиумите.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган синоќа ја прогласи одлуката која треба да биде разгледана и од парламентот денеска. Законодавното тело е под целосна контрола на владејачката АКП чии пратеници можат да се одлучат и за уште порестриктивни мерки.

Ердоган рече дека декретот е неопходен за да се спречат „широко распространетите акти на насилство насочени кон уништување на демократскиот поредок“.

„Вонредната состојба апсолутно не е против демократијата, владеењето на правото и слободата- напротив“, рече Ердоган. „Неговата цел е да ги заштити и засили овие вредности“.

Türkei Anhängern Erdogans verbrennen Bildnis von Fethullah Gülen

Поддржувачите на Ердоган палат слика на Фетула Ѓулен.

Во чистката која уследи по неуспешниот пуч, владата досега отпушти, суспендираше или уапси повеќе од 50.000 државни службеници, меѓу нив и околу 3.000 вработени во правосудството. Уапсени се и 6,746 војници вклучително и повеќе од 100 генерали.
Тешко е погоден и образовниот систем. Министерството за образование вчера додаде уште 6.500 луѓе на листата од 15.200 вработени кои се суспендирани. Започната е постапка и против 626 образовни институции, од кои 524 приватни училишта. На 21 илјада учители во приватни институции им се одземени лиценците, а 1.577 декани и ректори на универзитети поднесоа оставки.

Страв од линч

Сите политички партии во Турција го осудија обидот за пуч. Но про-Курдската Народна демократска партија изрази загриженост од одмазднички напади врз опозицијата. Пратеникот Зија Пир за ДПА изјави дека останатите партии „се плашат дека ќе биде линчувани“. Пир вели дека уличните демонстрации против пучот се за поддршка на Ердоган, а не на демократијата, со што се создава „зовриена“ атмосфера во земјата.

„За жал, сведоци сме на граѓански контра-пуч“.
Илјадници поддржувачи на владата секојдневно излегуваат на протести во поголемите градови во земјата. Во некои градови, како Истанбул и Анкара, илјадници луѓе синоќа се собраа да го гледаат и говорот на Ердоган со кој беше најавена вонредната состојба.

Реклама