Ердоган им врати на САД со иста мера | Свет | DW | 04.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ердоган им врати на САД со иста мера

Американско-турскиот конфликт поради свештеникот Ендру Бренсон оди во нова рунда. Турскиот претседател Ердоган реагираше на американските санкции со иста мера.

Како ти мене, така јас тебе - тоа очигледно е логиката на турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган. По американските санкции против турските министри за внатрешни работи и за правда, Ердоган премина во контранапад. Тој нареди замрзнување на имотот во Турција на американскиот министер за правда и на министерот за внатрешни работи.

„До вчера бевме трпеливи. Денес издавам наредба за замрзнување на имотот на двајцата министри“, изјави Ердоган во телевизиски говор во Анкара.

Притоа, прилично неверојатно изгледа можноста американскиот министер за правда Џеф Сешнс и неговиот колега за Рајан Зинке да имаат некаков имот во Турција.

Ердоган предупреди на опасноста од натамошна ескалација на конфликтот. Турција не сака да стане дел од „игра“ во која ќе има губитници на двете страни, вели тој.

Американските санкции против турските министри за правда и за внатрешни работи, Абдулхамит Ѓул и Сулејман Сојлу, беа воведени во средата.

Повеќе: САД и Турција одат кон тешка дипломатска криза

Судирот на Турција и САД е поради затворањето на американскиот пастор Ендру Бренсон во Турција. Вашингтон бара ослободување на свештеникот. Бренсон е во притвор од октомври 2016 година. Поради здравствени причини минатата недела беше преместен во домашен притвор. Тој е соочен со обвинувања дека шпионирал и дека им давал поддршка на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и на движењето на Ѓулен.

DW.COM

Реклама