Ердоган: Германија да положи сметка | Свет | DW | 06.06.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ердоган: Германија да положи сметка

Кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не стивнува лутината поради резолуцијата за Ерменија донесена во Бундестагот. Тој бара одговорност од Германија за злосторствата извршени во Намибија.

Расте напнатоста во односите меѓу Турција и Германија по донесувањето на резолуцијата во Бундестагот со осуда на геноцидот врз Ерменците. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека „Германија е последната земја која треба да гласа околу 'таканаречен геноцид’ извршен од Турците“, како што пренесува новинската агенција Анадолу. Германија треба прво да поднесе сметка за холокаустот и убивањето на преку 100.000 припадници на Хереро во Југозападна Африка на почетокот на 20. век.

Претходно Ердоган упати остри критики на квалификацијата на масакрот врз Ерменците за геноцид, напаѓајќи ги посебно пратениците во Бундестагот со турско потекло, кои гласаа за донесување на резолуцијата. Според Ердоган, тие се „продолжена рака“ на забранетата курдска работничка партија ПКК: „И онака е познато чиј мегафон се тие, тие се продолжена рака во Германија на сепаратистичките терористички организации во земјава.“

Ездемир доби засилена заштита

Пратеникот од Партијата на зелените Озган Мутлу зборува за нов квалитет на закани - „доколку некои залудени ги чујат овие зборови и сметаат дека тие значат наредба од највисокото ниво; така многумина луѓе во Турција заминаа во смрт“, изјави тој за германската телевизија АРД.

Deutschland Debatte im Bundestag um Anerkennung des Völkermordes durch die Türkei an den Armeniern

Џем Ездемир со полициска заштита

Шефот на Зелените Џем Ездемир во „Велт ам Зонтаг“ сведочи за заканите од турска страна против него: „За жал, постои и турска Пегида“, вели политичарот за нужноста да добие засилена полициска заштита: „Десниот радикализам не е никаква германска привилегија. Ја има и во Турција и меѓу германските Турци.“

Берлинската полиција го засилила присуството во близината на станот на Ездемир, кој во последно време во повеќе наврати го критикуваше политичкиот курс на Ердоган. Ездемир е и еден од иницијаторите на резолуцијата донесена во четвртокот во Бундестагот, со која масакрот и депортацијата на Ерменците во Османското царство во 1915. година се оквалификувани за геноцид.

Веднаш по изгласувањето на резолицијата за Ерменија, Ердоган изјави дека е разочаран од Ангела Меркел. Тој не може да разбере како лидерката на ЦДУ не успеала да издејствува нејзината партија да гласа против резолуцијата, нагласи тој за турските медиуми. Турскиот претседател предупреди - Германија може да загуби важен пријател, укажувајќи експлицитно на милионите луѓе во Германија со турско потекло. Ердоган не исклучи ниту санкции против Германија.

DW.COM

Реклама