Ербас престанува со производство на А380 | Економија | DW | 14.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ербас престанува со производство на А380

Крајот се претчувствуваше одамна, а објавата стигна во раните утрински часови: Ербас ќе престане да го произведува најголемиот патнички авион на светот А380.

А380 е проблематичното дете на европскиот технолошки концерн Ербас. Во текот на изминатите години немаше нови линии за сообраќање на најголемиот патнички авион на светот. Производителот е соочен со опасноста од немање нарачки. Австралиската авиокомпанија Квантас Ервејс ја повлече нарачката на осум авиони А380 од 2006 година. Арапската авиокомпанија Емирати повлече потег кој ја замрачи дополнително иднината на огромниот авион: најголемиот купувач на А380 го намали бројот на нарачани авиони од 162 на 123.

Шефот на Ербас, Том Ендерс, изјави дека веќе нема основа за натамошно производство на гигантското летало.

„Тоа значи дека од 2021 година ја запираме испораката на А380“, изјави Ендерс. Од одлуката ќе бидат погодени илјадници Ербас-соработници. Ендерс рече дека џинот со крила е „извонредно техничко и индустриско достигнување“ и запирањето на производството го оцени како „болно за нас и за А380-заедниците ширум светот“.

Emirates Airbus A380 Flugzeug (picture-alliance /M. Mainka)

Најважниот купувач го забрза крајот на А380

Двокатниот патнички авион го апсолвираше својот прв комерцијален лет пред 11 години, на 25 октомври 2007 година. Долго време сѐ изгледаше како авионот да ќе биде успешна приказна, затоа што се сметаше за решение за хронично преоптоварените аеродроми. Меѓутоа, во текот на последните години нарачките изостануваа. За многу авиокомпании А380 е преголем и троши премногу гориво, што не е исплатливо, особено ако авионот не е полн.

Повеќе: 

Ербас А380 - џинот испадна џиновски неуспех

Каде лета Ербас?

Ербас, покрај катастрофата со А380, се соочува и со промена на раководството. На местото на Ендерс во април доаѓа Французинот Гијом Фори. Зад Ендерс остануваат повеќе проблеми. Против концернот се водат истраги за корупција во Велика Британија и Франција. И американското Министерство за правда го има Ербас во својот визир.

DW.COM

Реклама