Енергетската криза главен приоритет на Ковачевски | Северна Македонија | DW | 17.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Енергетската криза главен приоритет на Ковачевски

Втор приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во светло на економската криза која произлегува од енергетската криза.

Справувањето со енергетската криза и животниот стандард на граѓаните се приоритетите на новата влада, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која од денеска стапи на функција. Токму енергетската криза се најде и меѓу првите точки за кои што се расправаше попладнево на конститутивната седница на Владата, која вчера беше избрана во парламентот со 62 гласа „за“. 

Премиерот и министрите од новата влада денеска беа на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што направија и заедничка фотографија пред вилата „Водно“. 

Nord-Mazedonien Präsident Stevo Pendarovski (R) und zukünftiger Ministerpräsident Dimitar Kovacevski

Премиерот и министрите од новата влада денеска беа на средба со претседателот Стево Пендаровски.

„Новата Влада јасно ги дефинираше приоритетите за работа. Клучен прв приоритет е справување со енергетската криза во државата, која што е европска енергетска криза и која се чувствува во Република Северна Македонија“, рече Ковачевски. 

Според премиерот, втор приоритет е задржување и подобрување на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во светло на економската криза која произлегува од енергетската криза. Тој најави и комуникација со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, со кој рече дека ќе разговараат за сите теми кои што ќе значат изнаоѓање на решенија кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбите во сите овие области. 

Nordmazedonien Regierung

Ковачевски изутринава ја презеде функцијата од неговиот претходник, Зоран Заев.

Ковачевски порача дека очекува ефикасно, чесно и одговорно владеење, а тоа го побарал од  сите што прифатиле да се дел од тимот.

„Од денеска секоја минута од нашето време ќе им ја посветиме на клучните прашања за граѓаните и на економскиот развој на земјата и подобрување на стандардот’,рече Ковачевски.

Ковачевски изутринава ја презеде функцијата од неговиот претходник, Зоран Заев, по што следеа средби со германската министерка за Европа, Ана Лирман, и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. Осмиот македонски премиер од осамостојувањето, на првиот работен ден ја свика и Владата, која треба да донесе важни одлуки околу пандемијата и продолжетокот на второто полугодие од школската година. 

 

Поврзана содржина