„Ел Чапо“ конечно во САД | Панорама | DW | 20.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Ел Чапо“ конечно во САД

Озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин „Ел Чапо” Гузман беше екстрадиран од северниот дел на Мексико во САД, непосредно пред денешната инаугурација на Доналд Трамп за нов американски претседател.

Мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо” Гузман беше екстрадиран вчера (19.01.2017) поради обвиненија за трговија со наркотици, убиства, киднапирања и други кривични дела, а денеска би требало да се појави пред суд во Њујорк.

Мексиканското министерство за надворешни работи соопшти дека Гузман е предаден на американските власти, а двајца високи американски официјални претставници го потврдија тоа.

Американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) го презеде Гузман во Сиудад Хуарез во мексиканската држава Чивава, спроти мексиканскиот град Ел Пасо, а потоа го пренесе со авион за Њујорк во 17.30 часот по локално време.

Шефот на картелот Синалоа по едно бегство од затвор и 13 години минати во илегала, беше уапсен во февруари 2014 година. Тој, меѓутоа, вторпат успеа да побегне од затворот со максимално обезбедување преку тунел ископан до неговата ќелија. Ова негово бегство во јули 2015 година ја посрамоти владата на претседателот Енрике Пења Нието и ги влоши односите меѓу САД и Мексико.

Гледај видео 00:37

Мексико го израчи „Ел Чапо“

Тој беше уапсен неколку месеци подоцна, по престрелката меѓу неговите помагачи и мексиканските маринци во една куќа во крајбрежниот град Лос Мочис, во државата Синалоа. Во таа прилика се убиени 5 криминалци, а уште 6 се повредени.

Властите наведоа дека успеале да ја откријат локацијата на која се наоѓа Гузман благодарејќи на интервјуто кое со него го направи американскиот актер Шон Пен.

САД се обидоа да го изведат Гузман пред американски суд кога за првпат е обвинет на почетокот на 1990. година. Му се заканува доживотна затворска казна поради обвиненијата подигнати во повеќе американски градови, вклучувајќи ги Њујорк, Сан Диего, Чикаго и Мајами.

Моќниот нарко-картел Синаола, со кој раководеше Гузман, криумчари огромни пратки кокаин и марихуана и произведува и транспортира метамфетамин и хероин, главно во САД.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама