„Елон Маск звучи крајно неверојатно“ | Економија | DW | 09.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

„Елон Маск звучи крајно неверојатно“

Шефот на „Тесла“ треба повеќе да се концентрира на неговиот основен бизнис како автоконструктор, смета експертот за автомобилизам Фердинанд Дуденхефер во разговор за ДВ. Лажните најави може скапо да чинат.

Дојче Веле: Како ги оценувате најавите на Елон Маск, Тесла да се повлече од берзите?

Фердинанд Дуденхефер:Маск звучеше крајно неверојатно. Затоа тој мора да потврди кој стои финансиски зад него, и дали навистина може да собере сопствен капитал со кој ќе си ги откупи акциите. Ако нема финансиер, тогаш работата ќе се реши брзо како и во други случаи: имено испраќачот на таквите твитови е или глупав или неверодостоен.

Сметате дека сето ова е само трик, за да се зголеми вредноста на акците на Тесла на берзите?

Курсот на акциите се крена нагоре. Берзите со тоа соодветно реагираа и јас сум сигурен дека берзанските надзорни тела ќе го испитаат случајот. Берзанските манипулации во Америка строго се казнуваат. Тоа може да ги чини „Тесла“ и Елон Маск многу пари. Ќе се покаже дали се работи за шпекулација или навистина има финансиер кој ќе може да ги откупи акциите. Ако е само блеф, тогаш тој може да има големи проблеми со берзата.

Deutschland Automobilexperte Ferdinand Dudenhöffer (picture alliance/dpa/B. Thissen)

Фердинанд Дуденхефер

Во последниве недели се повеќе се дискутира за проблемите во производствотоп на „Тесла“ - модел3 врз кој се темели иднината на фирмата. Дали Маск сака со ова да го сврти вниманието од овие проблеми?

Кај Маск никогаш не се знае како ќе изреагира. Тој е многу емотивен човек. Тој направи импресивни технички работи. Тој има само некои проблеми со нормалниот свет, а особено со економијата. Тука не помага ако сака да го спаси човештвото или како што смисли начин да се спасат тајландските ученици кои беа заробени во пештера.

Ако сакате да летате на Марс, ако сакате да изградите Хиперлупс, тоа звучи гламурозно. Но, кога водите бизнис, треба да се фокусирате на основната дејност и да не губите време на емоционални твитови и замајување на умот. Тоа ви го нарушува кредибилитетот, а кредибилитетот е најважното нешто што ви треба ако сакате да бидете сериозна и стабилна компанија.

Професор Фердинанд Дуденхефер е раководител на Центарот за автомобилски истражувања (ЦАР) на Универзитетот Дуизбург-Есен

Гледај видео 01:02

Црвената „Тесла“ во вселената

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама