Елита во длабок снег: Што носи Давос 2019? | Економија | DW | 21.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Елита во длабок снег: Што носи Давос 2019?

Политичката и економската светска елита денеска се собира во Давос. Во времиња на трговски конфликти и национализам тоа ќе биде тешка средба.

Глобалниот економски форум губи на сила, трговските конфликти се зголемуваат, еколошките проблеми и затоплувањето на климата се нерешени прашања, а во истовреме дигитализацијата предизвикува големи промени.

„Секоја од овие теми е голем предизвик“, оцени Борге Бренде, поранешен норвешки министер за надворешни работи, а сега претседател на Светскиот економски форум (ВЕФ). „Вкупно земено, задачата е огромна и таа може да се реши само со соработка.“

Но за соработка има сѐ помалку волја. Американскиот претседател Доналд Трамп е докажан противник на мултилатерални договори, новиот бразилски претседател исто така зборува со националистички тон. Во Европа сѐ се врти околу Брегзит, во Италија владеат популисти, во Франција демонстрираат „Жолти елеци“, Блискиот Исток останува буре барут, Кина му покажува мускули на Тајван.

Клаус Шваб, татко на Светскиот економски форум, смета дека тој е еден вид место за разбирање. „Дијалог со цел да се овозможи меѓусебно разбирање е поважен од кога и да е досега“, нагласува Шваб.

Schweiz World Economic Forum 2014 Klaus Schwab (Reuters)

Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум во Давос

Многу познати личности, многу дискусии

Претседателот на ВЕФ, Бренде, звучи како управник на шатор за атракции на некој панаѓур кога зборува за високите по ранг личности кои годинава доаѓаат во Давос.

„Имаме 37 шефови на држави и влади од Европа и Евроазија, додека од Блискиот Исток се девет. Имаме шестмина претседатели од Латинска Америка и шест или седум од Африка“, набројува тој. „Од Кина доаѓа потпрестедателот Ванг. Очекуваме и високи претставници од американската влада.“

Повеќе: Трамп се заканува со „вонредна состојба“ и го откажа Давос

Сѐ на сѐ, меѓу трите илјади учесници ќе има околу 70 шефови на држави или влади, како и раководните луѓе од Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација. Освен тоа, ќе пристигнат и 300 минстри, илјада шефови на компании, голем број научници, како и претставници на еколошки и организации за развој.

Што сите тие ќе прават во швајцарските планини? Ништо помалку од подобрување на состојбата во светот. Тоа, конечно, е и официјалната мисија на форумот. Или како што вели Бренде: „Наш предизвик е со сите кои се на власт, со претставниците на меѓународните организации, бизнисмените и цивилното општество да бараме решенија за најитните проблеми во светот.“

Schweiz Weltwirtschaftsforum in Davos | US-Präsident Donald Trump (picture-alliance/KEYSTONE/L.Gillieron)

Минатата година присуствуваше на формуот, годинава не доаѓа: Доналд Трамп

Без Трамп и Макрон, со Болсонаро и Меркел

Сепак, во Давос нема да бидат потпишани меѓународни договори. А, Доналд Трамп, човекот кој како никој друг го доведува во прашање досегашниот светски поредок, нема да биде присутен. Го откажа учеството образлагајќи го тоа со судирот околу буџетот во САД.

Дома ќе остане и францускиот претседател Макрон - официјално поради полниот календар со термини, а нефицијално поради тоа што учеството на средбата на светската елита би можело да ѝ наштети на неговата веродостојност во започнатиот дијалог со граѓаните.

Германската канцеларка Ангела Меркел, наспроти тоа, доаѓа, исто како и нејзината наследничка на лидерската функција во ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за здравство Јенс Шпан. Новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро во Давос треба да го одржи својот прв говор пред интернационална публика.

Schneechaos in den Alpen - Davos (Reuters/A. Wiegmann)

Во малиот Давос секоја година се собира светската елита

Поглед во иднината

Форумот годинава тематски е посветен на последиците од глобализацијата и индустриската дигитализација. Под насловот „Глобализација 4.0:  во потрага по глобална архитектура во време на Четврта индустриска револуција“ треба да се фрли поглед во иднината.

ПовеќеНова фаза на глобализацијата?

На светот му недостигаат визии, смета основачот на ВЕФ Шваб и додава дека во тој дел форумот може да помогне иако, како што вели, е свесен дека предлозите на елитите од страна на многу граѓани се гледаат скептично.

„Елитите важат за недоверливи, затоа што нивниот поглед е насочен кон наредните избори или наредниот квартален извештај“, оценува Шваб. „Затоа во Давос свесно сме ориентирани на подолги ангажмани. Ние се ориентираме кон шанси, сакаме да создаваме.“

Но, критиките на сметка на елитите оставаат траги и на Шваб и тој прави обиди за намалување на штетите. Глобализацијата е факт и донесе многу победници, но тој и форумот никогаш не биле приврзаници на идеологијата дека сѐ треба да им се потчини на силите на слободниот пазар, уверува Шваб.

 

DW.COM

Реклама