Електронски апарати за сениори | Економија | DW | 05.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Електронски апарати за сениори

Од денеска во Берлин за посетителите е отворен ИФА, Меѓународниот саем за електроника. За купување електронски апарати се трошат милијарди евра, а производителите се вртат и кон сѐ побројна група - сениорите.

Електронските апарати наменети за сениори се сѐ побројни и поразновидни. Производителите согледаа дека тука лежи голем потрошувачки потенцијал. Од пред четири години на ИФА, Меѓународниот саем за електроника во Берлин, постојат и екстра обиколки за сениори. Придружувавме една група „60 плус“ при обиколката со водич низ саемот. Предуслов е да имаат добра кондиција, зашто апаратите наменети за постари лица се презентирани на различни штандови, доста оддалечени еден од друг.

Новиот апарат за слушање на пример е убедителен на прв поглед. Со посебна апликација може да се регулираат јачината на гласот и шумовите од околината, опремен е со симултан преведувач и ако човек го загуби апаратот, тој може да биде лоциран преку смартфон.

„Иако јас самиот не носам апарат за слушање, полека се навикнувам на помислата дека можеби ќе ми притреба, па сакам да се информирам околу можностите. Мислам дека специјалистите за електроника и индустријата произведуваат добри работи наменети за нашата старосна група“, вели 70-годишниот Ролф Прумс.

Многу од апаратите, како на пример оној за мерење крвен притисок, се осмислени да функционираат со помош на апликација, при што се меморираат измерените вредности и по потреба можат да бидат испратени до лекар.

Мартина Прумс има 56 години и дошла првенствено да се информира за смартфони, зашто без нив не функционираат речиси најголем дел од апаратите изложени на саемот.

„Јас немам воопшто смартфон, но морам да купам, иако тешко се снаоѓам со ракувањето со паметен телефон, затоа сакам да ги разгледам оние наменети за сениори.“

Таа е одушевена од мобилен телефон и таблет за сениори - голем е, едноставен за ракување и наменет посебно за потребите на постари луѓе.

Напротив, електонскиот ролатор, кој може да се движи и преку скали, за групата сениори која ја придружувавме е премногу комплициран. Имено, сениорите се и многу критички консументи.

Погледнете го видеото:

Гледај видео 02:02
Now live
02:02 минути

Електроника по мерка на сениорите

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама