Електричен автомобил од 3Д-печатар | Панорама | DW | 25.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Електричен автомобил од 3Д-печатар

Запознајте го ЛОКИ- автомобилот целосно изработен на 3Д-печатар. Ова возило треба да ја размрда германската автомобилска индустрија. За 5 години ЛОКИ треба да се најде на германските улици, очекуваат неговите творци.

Ефикасен, дигитален, автономен. Тој е автомобил на иднината. Барем за берлинската старт-ап фирма БигРеп. Прототипот Локи е првиот автомобил кој е комплетно произведен од 3Д-печатач.

„За мене, ЛОКИ е израз на многу современи трендови што се споени во едно визионерско возило. Тоа се: автономно возење, е-мобилност и 3Д печатење“, вели Даниел Бининг, директор за иновации во БигРеп.

Гледај видео 01:15

ЛОКИ- автомобил на иднината

На програмерите им беа потребни само 12 недели да го создадат ЛОКИ.  Неговите 14 дела се изработени од индустриски најлон.

Повеќе:

-Сонот на Ердоган станува стварност: електромобили од турско производство

-Кој има пари за поеколошки автомобил, ќе плаќа помал данок

-Зелените автомобили се иднината

Автомобилот сѐ уште нема мотор. Ќе го добие (електричниот мотор) во текот на годината и дури тогаш ќе бидат можни и тестирања. Истражувачите се согласуваат во оценката дека автомобилот од 3Д-печатар мора да стане дел од секојдневното производство и промените во масовното производство се неизбежни. Само така, велат, индустријата и во иднина ќе може да биде конкурентна, да ги исполнува желбите на купувачите, да ги исполнува нормите за емисија на штетни гасови - и да штеди драгоцени ресурси. 

За 5 години, првиот испечатен 3Д автомобил треба да се најде на германските улици. Тоа барем го очекуваат програмерите на ЛОКИ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

DW.COM

Реклама