Електорскиот колегиум на САД ја потврди победата на Трамп | Свет | DW | 20.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Електорскиот колегиум на САД ја потврди победата на Трамп

Трамп го доби мнозинството гласови на електорскиот колегиум со што се потврди неговиот мандат како 45-ти претседател на САД. Обидот на анти - Трамп демонстрантите да ги разубедат републиканските електори – пропадна.

Победникот на изборите во САД, Доналд Трамп, ја доби поддршката од електорскиот колегиум со што формално е  избран да ја извршува претседателската функција во САД.

За да победи на претседателските избори, еден кандидат мора да добие најмалку 270 делегатски гласови. Според некои извештаи, делегатските гласови од Тексас му помогнаа на Трамп да го надмине потребниот број, со што вкупниот број на освоени делегатски гласови се искачи на 304. Неговиот противкандидат Хилари Клинтон освои 228 делегатски гласови.

Трамп ја нарече победата „историска“ иако според бројот на освоени делегатски гласови тој е рангиран на 46 место од вкупно 58 изборни циклуси во САД.

„Официјалните гласови наелекторскиот колегиум ги надминаа потребните 270 гласови за добивање на претседателската функција и тоа далеку повеќе од она што беше очекувано од медиумите“, беше реакцијата на Трамп испратена преку соопштение за јавноста.

Гласањето на електорскиот колегиум беше придружено со протести. Демонстранти излегоа на улиците во главните градови низ земјата. Стотици демонстранти во главниот град на Пенсилванија, Херисбург извикуваа „Без предавство, без Трамп“ и „Не Трамп, не ККК, не за фашистичка САД!“.

И покрај тоа, Трамп имаше голема поддршка. Поранешниот републикански кандидат и сегашен гувернер на Охајо, Џон Кесич изјави дека е време да се застане зад Трамп. Кесич, во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо пред електорскиот колегиум се обрати со зборовите „Сакаме единство, сакаме љубов“.

Кесич не го поддржа Трамп откако самиот отпадна од претседателската трка за време на прелиминарните избори и не гласаше за Трамп.

Откако исходот од изборите беше познат, Трамп се заложи дека „ќе работи посветено да ја обедини земјата и дека ќе биде претседател за сите Американци“.

Не е се во линија

Електорскиот колегиум се смета како модерна формалност бидејќи се очекува делегатите да гласаат на ист начин како што е изразена мнозинската волја во сојузните држави. Но, шест електори не гласаа ниту за Трамп, ниту за Клинтон.

Четири електори од државата Вашингтон кои ја поддржуваа Клинтон не го дадоа гласот за кандидатот на Демократите. Тројца гласаа за поранешниот државен секретар Колин Пауел, а еден гласаше за племенскиот водич на домородните Американци Вера Точкаст Орел.

Двајца електори од Тексас, кои го подрржуваа Трамп не гласаа за републиканскиот кандидат. Еден гласаше за Кесич, а другиот за поранешниот претставник на Тексас, Рон Пол.

DW.COM

Реклама