ЕК даде условена дозвола за ремдесивирот | Свет | DW | 03.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЕК даде условена дозвола за ремдесивирот

Ремдесивирот е првиот лек кој доби условена дозвола за европскиот пазар во борбата против Ковид-19.

Ремдесивирот ја доби дозволата од страна на Европската комисија „по забрзана постапка“, по „препорака на Европската агенција за лекови (ЕМА)“. Комисијата денеска во Брисел соопшти дека намерата е да се одговори на потребите во врска со пандемијата.

„Денешната дозвола е важен напредок во борбата против вирусот“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Кириакиду.

Ремдесивирот се смета за еден од малкуте ефикасни лекови во борбата против тешкото белодробно заболување кое го предизвикува коронавирусот. Според досегашните студии, со употребата на ремдесивир може да се скрати престојот на болните во болница.

Европската агенција за лекови (ЕМА) даде дозвола за употреба на лекот за пациенти над 12-годишна возраст кои имаат воспаление на белите дробови и имаат потреба од кислородна поддршка.

Лекарите на ремдесивирот не гледаат како на семоќно средство,туку како на светла точка за корона-пациентите. Меѓународна студија на крајот на април покажа дека ремдесивирот може да го скрати времето на опоравување на пациентите во просек за четири дена - од 15 на 11 денови.

САД уште на почетокот на мај издадоа вонредна дозвола за ограничена употреба на ремдесивирот во болниците. И во Германија тој досега беше користен во рамките на програма за тешки случаи и беше тестиран во клинички студии.

Американската влада неделава објави дека со производителот Gilead Sciences се договорила за откуп на практично целото производство на лекот за наредните месеци. Германија соопшти дека веќе има создадено доволно резерви ремдесивир.

Политичарот на ЦДУ, Петер Лизе, нагласи дека услов за давањето дозвола во Европа било производителот и да доставува во Европа. Можно решение за теснец во снабдувањето би било Gilead да ги сподели своите сознанија со други производители и да дозвли производство со лиценца. Според Лизе, и на тој начин Gilead би заработила многу пари.

Гледај видео 02:37

Природен лек против Ковид-19?

 

Реклама