Експлозијата во Бејрут: Зошто амониум нитратот е толку опасен? | Свет | DW | 06.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Експлозијата во Бејрут: Зошто амониум нитратот е толку опасен?

Причината за катастрофата во Либан очигледно е експлозија на амониум нитрат. Кристалната сол се користи како азотно ѓубриво во земјоделството. За каква супстанца станува збор?

Според либанскиот премиер Хасан Диаб причината за разорната експлозија во Бејрут е огромно количество на амониум нитрат. Тој потекнува од еден карго брод во 2013 кој не го продолжил патувањето од Грузија во Мозамбик поради дефект. Според проценкте се работи за околу 2750 тони од опасната материја со години несоодветно се чувала во пристаништето во Бејрут.

Што е амониум нитрат?

Амониум нитрат е една бела кристална сол која се прави прилично евтино од амонијак и азотна киселина. Лесно е растворлива во вода и најчесто се користи како азотно ѓубриво во земоделието, за раст на растенијата.

Кога не се меша, амониум нитратот е безопасен, но кристалната сол е чуствителна на топлина и на 32,2 степени ја менува својата полиморфна состојба. Тоа значи: се менува распоредот на атомите, а со тоа се менуваат и својствата на материјата.

Повеќе:

-Бејрут наликува на апокалиптична воена сцена

-Расте бројот на жртви во Бејрут

-Илјадници повредени во страотна експлозија во Бејрут

Кога амониум нитрат стои еден покрај друг во големи количини самиот се загрева и доколку количеството е многу големо може и да се запали. На 170 степени започнува да се разградува и испушта азотен гас. Силната почетна искра предизвикува распаѓање на амониумнитратот директно на вода, азот и кислород поради што настанува експлозивната моќ на кристалната сол.

Користење само во посебно безбедни услови

Во многу земји, бидејќи е позната опасноста од оваа материја, амониум нитрат може да се користи но под посеби безбедносни услови. Пред речиси 100 години, во 1921 експлодираа речиси 400 тони амониум сулфатен нитрат во фабриката на БАСФ во Лудвигсхафен. Во две последователни експлозии загинаа 559 лица, 1977 беа повредени, а фабриката беше речиси целосно уништена.

Експлозијата се слушна дури до Минхен кој е оддалечен 300 километри. Според медиумските извешати од Бејрут и оваа експлозија се слушнала на 200 километри оддалечениот остров Кипар.

Сликите од Бејрут потсетуваат на разорната хемиска несреќа од 2015 година во кинескиот пристанишен град Тјенцин: таму во едно складиште за опасни материи, експлодираа околу 800 тони амониум нитрат покрај многубројни други супстанци. Во огромната експлозија загинаа 173 лица а беше уништена цела населба.

Во 2013 при експлозија на амониум нитрат во фабрика во Тексас загинаа 14 лица, а во 2001 во Тулуз како последица на иста таква експлозија настрада 31 лице.

Популарен експлозив кај терористите

Во Германија употребата на оваа материја спаѓа под Законот за заштита од експлозивни материи. Со оглед на фактот што во минатото различни терористи го користеа високоексплозивниот, ефтин и лесно достапен материјал за напади. На пример, според теретичарот на заговори, Тимоти МекВеј, мешавина од амониум нитрат била користена за терористичкиот напад врз зградата на федералната влада во Оклахома во 1995 година. И десниот радикал Андерс Брејвик ја искористи оваа хемиска супстанца за нападот со автомобил-бомба во Осло, во 2011 година.

 

Реклама