Економски пулсирања | Економија | DW | 14.09.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Експлозијата на трошоците во производството на житните култури; „Тојота“ повторно го форсира развојот на автомобили на електричен погон во Соединетите Американски Држави; „Фолксваген“ цели кон раст во САД.

default

Покачени цени во продажбата на големо

Експлозијата на трошоците во производството на житните култури ги зголеми цените во продажбата на големо во просек за 6,4 проценти во споредба со истиот месец лани, известува Сојузната служба за статистика. Зголемените цени се резултат на трошоците за семе и добиточна храна кои во споредба со август 2009 чинат 40 отсто повеќе, а во споредба со минатиот месец околу 22 проценти повеќе. Причина за ваквата состојба е и прекинот на сезоната на жнеење поради топлиот бран што ја зафати Германија и забраната во Русија за извоз на житарици. Цените во продажбата на големо важат како прв показател за развојот на трошоците за живот, според кои се оформуваат и цените во малопродажбата.

„Тојота“ вложува во автомобилите на електричен погон во САД

По неколкуте неуспешни акции, најголемиот производител на автомобили во светот, „Тојота“, повторно го форсира развојот на автомобили на електричен погон во Соединетите Американски Држави. До 2012 година на американскиот пазар треба да се најде верзија на предводничкиот модел „Приус“, изјави вчера директорот за развој, Такеши Ушијамада, во Детроит. Тој додаде дека компанијата планира да продаде околу 20.000 парчиња од овој модел на нејзиниот најважен пазар. Цената од 28.000 долари го прави „Приус“ најевтин еколошки автомобил во неговата класа.

Besucheransturm auf Auto-Meese AMI

„Фолксваген“ цели кон раст во САД

Поранешниот директор на Џенерал Моторс, Џонатан Браунинг, од 1 октомври годинава ќе го преземе местото на главен извршен директор на Групацијата „Фолксваген“ во Америка, откако досегашниот директор, Штефан Џакоби, премина во „Волво“. Новиот шеф на „Фолксваген“ во САД најави дека компанијата и натаму ќе ја шири својата дејност во Северна Америка. До 2018 година, продажбата треба да биде зголемена за трипати, со повеќе од 800.000 автомобили. На долгорочно ниво, „Фолксваген“ планира да ја зголеми продажбата на дури еден милион возила, вклучувајќи ги и моделите на „Ауди“.

„Интел“ инвестира во развој на мобилни уреди за интернет

Со презентацијата на новиот процесор „Сенди Бриџ“, концернот за производство на чипови, „Интел“, цели кон експанзија на пазарот за мобилни интернет-уреди. Директорот на „Интел“, Паул Отелини, изјави дека со новите процесори, „Интел“ сака да им овозможи на корисниците непречено да разменуваат информации без оглед на тоа дали уредот кој го користат е статичен или мобилен. За таа цел, „Интел“ започна да ја шири својата дејност во развојот на новите технологии, а го презема и Одделот за безжичен интернет на претпријатието Инфинеон од Германија.

Автор: Хенрик Беме/ Клаус Улрих/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска