Економската политика на „пубертетлијата“ Трамп | Економија | DW | 09.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Економската политика на „пубертетлијата“ Трамп

Доналд Трамп, без оглед на масивните отпори, воведе казнени царини за челик и алуминиум. Измените во последен миг не можат да го сокријат опасниот протекционистички став на американскиот претседател, смета Михаел Книге

Само неколку дена по најавата на  планот да воведе казнени царини за алуминиум и челик против бројни земји, американскиот претседател Доналд Трамп ја реализираше заканата. Изземени се засега американските соседи Мексико и Канада, но под услов да се усогласат за договорот НАФТА. Трамп освен тоа на други земји им понуди преговори околу планираните казнени царини. За тоа постои соодветен термин: уцена. 

Шлаканица за сојузниците

Кој и на каков начин ќе биде погоден од Трамповите царини, по неговите забелешки, останува нејасно. Во секој случај, ниту е прикладно, ни великодушно да се принудуваат долгогодишните сојузници на САД во Европа и Азија да молат за изземање. Ова претставува шлаканица в лице од страна на Вашингтон на традиционалните партнери како Германија и Јужна Кореја. И може да води кон трговска војна. 

Истовремено, на овој начин се поткопува и последната доверба и надеж кои американските сојузници ги имаа во овој претседател. Зашто, аргументот дека казнените царини, кои ги погодуваат и НАТО- и азиските безбедносни партнери, на некаков начин ќе ја подобрат националната безбедност на САД, е бесмислен и само изговор на Трамп за исполнување на неговите изборни ветувања. 

Повеќе на темата: 

Казнени царини: Германските автопроизводители не се плашат од заканите на Трамп

Доналд Трамп- гробар на слободната трговија?

„Америка на прво место“ станува реалност

„Ова не треба за никого да биде изненадување“, констатираше портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс уште пред една недела на новинарско прашање дали Трамп ги има во вид последиците: претседателот со децении зборува за казнени царини и редовно ги споменуваше во својата изборна кампања. Значи, мотото „Америка на прво место“ станува реалност.

Идејата, да се заштитат американските претпријатија и работници од наводните лоши странци, кои ги искористуваат беспомошните Американци и им ги крадат работните места, не е обичен дел од политиката на Трамп. Тој во сите странци и воопшто во странство гледа економска или криминална закана. Неговите ксенофобични ставови беа веќе документирани со неговата кандидатура, кога паушално ги поистовети Мексиканците за силувачи. И во говорот во јули 2016. година најави „користење на сите можни претседателски ингеренции“ во решавањето на трговските спорови. Во Трамповиот поглед на свет протерувањето на доселениците без документи и сузбивањето на легалната миграција е едната страна на медалот, а воведувањето царини и напуштање на договорите за слободна трговија е другата.

Michael Knigge Kommentarbild App

Михаел Книге

Печатот на Бенон

Поранешниот изборен менаџер и советник на Трамп во Белата куќа, Стивен Бенон, еднаш се нарече себеси „економски националист“. Овој атрибут одговара и на неговиот екс-шеф. Навистина, други советници на Трамп, оние возрасните во играта, постојано се обидуваа да ги одвратат ваквите економско-националистички напади“ , но не секогаш успешно. Трамп постојано се води од своите импулси кога сака своите партнери или другите држави, да ги казни поради нивните наводни „нефер игри“, што и да значи тоа. На пример, кога ги повлече САД од Транспацифичкиот договор за слободна трговија или од Парискиот договор за заштита на климата. 

Опасни преседани

Со оглед на тоа што гледиштата на Трамп се одамна познати, сега никој не треба да биде изненаден од веќе најавениот чекор. Но, тоа што Конгресот не ја надгледува Белата куќа, е вистинска срамота. Опоменувањето на скоковитиот претседател со убави зборови или повремено негово држење во шах со брзи напади не функционира, тоа не е успешна долгорочна политичка стратегија.

Задача на Конгресот

Републиканците во Конгресот треба да се свесни дека е преопасно кога кормилото кај важните теми му го препуштаат исклучиво на претседателот, и тоа не само за САД, туку и за целиот свет. Тие мора да ја скротат моќта на Трамп, онака како што веќе направија во случајот со санкциите против Русија.

Токму Мајк Ли, републиканец од изразито конзервативно крило- Ти парти, на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп, достави закон за доверливост во глобалната трговија. Ако на Конгресот не му успее донесувањето на овој закон или слична регулатива, тогаш перспективите се мрачни.

 

DW.COM

Реклама