Еколошка премија- новата мамка на „дизел-измамниците“ | Економија | DW | 19.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Еколошка премија- новата мамка на „дизел-измамниците“

Понудите на автоконцерните во Германија, на сопствениците на стари дизел-возила со помош на еко-бонус да им продадат нови автомобили не се ништо друго туку продолжување на дизел-скандалот со други средства.

Следејќи ги БМВ и Дајмлер, сега и Фолксваген исто така нуди премија за промена на дизел автомобилите. Волсваген не само што сака да си ги врати старите „смрдливци“, туку сака и директно да ги стави под преса. Волксваген, истовремено ја нарекува својата понуда   „премија за животната средина". И замислете: за автомобилите кои пред неколку години беа фалени како „чистотници“ („чист дизел"), сега добивате „ еколошки бонус“, ако тие засекогаш бидат повлечени од сообраќајот.

Премија за животната средина: тоа е целата катастрофа на дизел скандалот сведена во еден збор. Или поинаку кажано: односот на автопроизводителите кон штетата за која самите се одговорни е во повеќе погледи дрска - технички, во однос на животната средина, и едноставно во смисла на достоинството. Нешто што некогаш се нарекувало: однесување на угледен трговец.

Проблемот не е само на Фолксваген

Иако можеби ќе прозвучи како здодевно повторување, треба уште еднаш да се каже: концернот Фолксваген измами милиони свои муштерии како и еколошките власти во многу земји, пред сѐ во САД, Германија и во Европа, зашто инженерите и менаџерите на концернот се погрижија за тоа моторите на Фолксваген на проверките да бидат „чисти“ , но во реалноста од ауспухот да исфрлаат далеку повеќе чад и отров отколку што е декларирано и законски дозволено.

Концернот Фолксваген со сите негови прочуени марки- и тоа да се повтори- не е е сам на списокот на измамници и загадувачи на животната средина. Опел е најновиот германски случај на тој список.  Државните обвинители спроведуваат истрага, Опел демантира. И славните германски автомобилски концерни, Дајмлер и БМВ, беа или уште се под сомневање за манипулации. БМВ по сѐ изгледа ќе се извлече со казна од 10 милиони долари. Компанијата-ќерка на Ауди, од каде што веројатно потекнува целиот дизел-скандал, зашто оттаму доаѓа софтверот за манипулирање на издувните гасови, според најновите информации можеби ќе треба да плати казна од над 800 милиони евра.

Rostek Andreas Kommentarbild App

Андреас Ростек-Бути, автор на коментарот

Некако и од некаде повторно треба да се соберат пари. Затоа сега муштериите мора што е можно побргу да купат нови автомобили. А згора на тоа автомобилските концерни со нивните најнови проспекти за продажба на дизел-возила се обидуваат проргамите за поттикнување на нивната продалба кои самите ги составиле уште да ги продадат како добро дело за животната средина.

Премија за животната средина- така од страна на браншата се разубавува оваа програма за раст на продажбата.

Што да се прави? Ништо

Зошто, впрочем, рационалните возачи и возачки, на кои во моментов не им е потребен нов автомобил, би го дале за под преса своето дизел-возило, чиј мотор со плакета за издувни гасови 4 или 5 веројатно исфрла помалку штетни материи отколку сосема новиот модел со плакета 6? За тоа нема некоја разумна причина.

Освен ако тој или таа сака да ја поттикне моторизацијата на источна Европа или загадувањето на животната средина во Африка. Освен ако таа или тој сметаат дека на „измачените“ германски автоконцерни им е потребно малку поддршка.  Освен ако тој или таа работата за некоја рекламна агенција, чии стратези смислиле таков трик , за големата кампања за купување на нови автомобили да ја испофалат како заштита на животната средина.  

Значи, што треба возачките и возачите ( кон кои припаѓа и авторот на тектот) да чинат со сопствените дизел-возила? Ништо. Да продолжат да си ги возат. И кога сметаат дека е дојдено да се стори нешто за воздухот наоколу, тогаш треба да се обидат, да го преопремат своето возило со постројка која штетните гасови ги одржува на декларираните граници. На сметка на производителот- се разбира. Тие мамеа, а не купувачите и купувачките.

Или пак да ги прифатат, поддржат и спроведуваат мерките на општините за одржување на чист воздух- што значи забраните за возење во определени зони, инвестициите во градскиот јавен превоз и слични практични зафати.

Или пак, ако навистина им е важна заштитата на животната средина: да се откажат од дизел-возила и да не купуваат повеќе нови.

 

Реклама