Еди Рама бара враќање на имотите на Чамите во Грција | Свет | DW | 24.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еди Рама бара враќање на имотите на Чамите во Грција

Албанскиот премиер за грчка телевизија изјави дека Атина и Тирана теоретски се во воена состојба поради тоа што Грција одбива да го укине законот од 1940 година.

Албанскиот премиер Еди Рама повторно го отвори контроверзното прашање за протераните Чами од Грција, во интервју за една грчка телевизија во вторникот, пишува Балкан Инсајт.
Рама го оцени како „балкански парадокс“ фактот што Албанија и Грција „де јуре“ се во состојба на војна и покрај тоа што беше потпишан договор за пријателство уште во 1987 година.

Говорејќи за грчкиот закон од 1940 година со кој беше прогласена војна меѓу двете земји- откако италијанските окупациски сили од Албанија ја нападнаа Грција- Рама оцени дека овој закон и натаму останува во сила делумно и за да се спречи албанската заедница на Чамите да си ги бараат назад своите имоти во Грција.

Чамите, етничка албанска заедница кои живееја во северна Грција, беа насилно масовно протерани од Грција по Втората светска војна, под обвинение дека соработувале со окупациските сили.

Во септември годинава, комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан беше обвинет од Грција дека ја зазема страната на Албанија во спорот, откако побара да се реши проблемот со Чамите. 

„Има кажав на моите пријатели во Грција да го укинат законот. Тоа му го реков на Јоргос Папандреу, на Андонис Самарас и на актуелниот премиер Алексис Ципрас, кого многу го почитувам“, рече Рама.

Албанскиот премиер вели дека е апсурдно што членовите на чамската заедница немаат право да си ги побараат назад имотите во Грција, ниту пак да ги посетат.

„Како е можно 80-годишна жена или маж кои биле принудени да ги напуштат своите домови да немаат право повторно да одат таму?“, праша Рама.

„Како е можно на овие Албанци да не им се дозволува да ја минат границата на соседот, голема европска држава како Грција?“

Атина постојано ја отфрла темата за Чамите и одбива да разговара за неа.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Козиас одговори на интервјуто на Рама со контраобвинување дека Албанија ги крши правата на грчкото малцинство во таа земја. Повод за оценката беше уривањето на домови на припадници на грчкото малцинство во Химара, потег кој за албанските власти е локален и е поврзан со владеењето на правото во земјата, а не со колективните малцински права.

DW.COM

Реклама