Еден убав банкрот | Македонија | DW | 14.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Еден убав банкрот

Mолкот за етнизацијата на економијата е само предигра за враќање на етнизацијата на политиката. Колумна на Арсим Зеколи.

Правилата постојат за да се прекршат, па редно е да прекршам едно од моите правила: да не пишувам за прашања за кои не сум компетентен да давам мислења. Економијата и економските прашања се секако на самиот врв на мојата топ листа на "не бутај нос” теми. И така и би останало да не беше еден убав разговор со добар пријател кој во жарот на дебатата ќе утврди дека она што и е потребно на нашата безизлезност е "еден убав банкрот”, како шанса и можност за нов почеток кон подобра распределба на парите.

Во деновите кои следија мислењето на пријателот често ме принудуваше да ги соочувам ставовите про и контра таквиот радикален пристап во справување со кризата на економијата. Банкротот е сепак сеуште грд збор во напиот вокабулар, стигма на економијта и белег на неуспехот. Дотолку повеќе што во современиот вокабулар банкротот речиси ексклузивно се користи во однос на банките, индустриите или крахот на персонални портфолија. Но во однос кон државите, чинам дека политичката коректност ја има екскомуницирано можноста за банкрот па наместо тоа преферира изрази како "финансиска криза”, "суверен долг”, "должничка криза”. Па така, доколку побарате информации за Исланд или Грција и нивните економски колапси, зборот банкрот речиси и да не се употребува, небаре како последна милост кон земјите, поштедувајќи ги од тешкиот резил на банкротство преку користење банкарски ПР- кратенки.  

Искуствата со, нејсе, финансиските кризи во Грција, Исланд или глобалната криза од 2008 г.се јасни илустрации на грдотијата на банкротот, за цунамито на јад и чемер фрлен врз главите на обичните луѓе. Национални траедии со десетици, стотици иљади унесреќени, пораст на стапките на самоубиства, ерозија на семејствата, масовни имиграциони бранови за корка леб, колапс на иљадници мали семејни бизниси, со катастрофалните ефекти по здравството, образованието, безбедноста. Траумите на обичниот човек од Грција и Исланд беа блиски за оние од нас кои ги паметат последиците на никогаш објавениот банкрот на СФРЈ од осумесетите. Ги паметиме рафтовите без продукти, бркањето врски за екстра литро млеко или вреќа брашно, чекањето со часови за бензин. Социализмот не признаваше банкрот во рајот на работничкото самоуправување, па затоа пар-непар политиките на Милка Планинц беа третирани како недостиг на горива, а не нус ефект на банкротот на државата. Елем, барем по политичката употреба на еуфемизми, социализмот и капитализмот се најдоа на иста страна на криење на реалноста од сопствените граѓани.   

Од друга страна, изненадувачки за мене беше податокот дека банкротот често е интепретиран според мудроста дека "во секое зло има нешто добро”. Почнувајчи од Хенри Дејвид Торо според кој "банкротот е отскочна даска од која добар дел од нашата цивилизација има осткокнувано и акробатски прерипувано, додека пак дивјаците чмаат на неластичната даска на гладот”. Мисла која чинам лежи во самиот фундамент на западниот сенс за регенерација и источниот дух на прифаќање на кризата како можност за нов почеток, оплемент со познавања за грешките од минатото. Некој друг економски мислител ќе укаже дека "капитализмот без банкротство е како католицизмот без пекол”,  алудирајќи на саморегулацијата на капитализмот во кој банкротот е ултимативниот грев, проследен со пеколот на сиромаштијта. Таквиот пристап на  полу-полна-чаша има свои примери од минатото, почнувајќи од оние во САД, како Големата Депресија од 1929, Црниот Понеделник од 1987, Големата Рецесија од 2008 г. На нив можат да се додадат економскиот колапс од Русија во 1990, економската депресија во Аргентина 1998, кризата во Јужна Кореа од 1997г. Во повеќето случаи, банкротот или мачната финансијска депресија во овие земји предизвикаа длабоки и болни социални потреси, но и озбилни и драматични промени во курсот на економијата. За некои тоа беше серијска реконфигурација на капитализмот, за останатите пак болен и мачен вовед во реалностите на новиот пост-комунистички систем.

Други колумни од авторот:

-Последното Југо на Балканот

-Албанската СДСМ и симулација на демократијата

-Еден Амди, Бајрами Рој

Нашето искуство е секако дел од вториот корпус на искуства со капитализмот, и тоа во форма на дивјачки капитализам на грабежништво маскирано во реформска одора. Почувајќи од таканаерчената приватизација на општествените ресурси во раните девеесети, на кои се надополнуваа безбројни реформски зафати, еуфемично амнестирани како "првична акумулација на капиталот” (читај: крадење и грабање) па се до понзи-шеми како пто беше ТАТ. Во тој период се поставија двата параметри кои ќе ги одбележат следните три децении на мачно вртење во круг - албанска  етнизација на политиката и македонска етнизација на економијата.

Иако за повеќето од набљудувачите на политичките собитија настаните од 2001 година означуваат ерупција на политичката етнизација, повнимателното анализирање упатува на поинаков заклучок. Дека етнизацијата на политиката го достигна сопствениот врв во периодот 2008 – 2012 со македонското прифаќање на македонската имитација на албанскиот пристап во етнизирање на политичкиот дискурс. Кој слободно може да се нарече како период на етничка канибализација на сопствените етникуми од страна на и во ексклузивна полза на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како најумешни во капитализирање од процесите започнати од СДСМ и ДПА во деведесетите. Токму затоа, иако најзаинтересирани во рекалибрација на сопствените промашени политики, наведените политички субјекти се последните на кои може да им се довери или пак очекува успешно и искрено рестартирање на политичките односи во земјата во склад со новите пост-етнички горливи интереси на граѓаните. Согласно приказната за жабите и шкорпионите, политичкиот ментален склоп и навикнатиот модус операнди на трите најголеми партии е гаранција за понатамошна манипулација со она што се привикнати, научени и наградувани да го спроведуваат – етничка канибализација за партијка капитализација.

Следи прашањето: дали банкротот на Македонија е воопшто можен во Северна Македонија? Според логиката на еуфемистиката и соц-реалистичкиот мајндсет на нашите партии и нивните медиуми, дури и доколку би се случил – тешко дека некој тоа би го објавил. Според социјалната карта на населението, се наметнува прашањето дали сиромашните воопшто можат да банкротираат? Според зборовите на моите пријатели економисти, се наметнува дилемата  дали кај нас воопшто има пазарана економија која би можела да банкротира. И на крај, како може да банкротира земја во која министрите претпладне се редат кај Герберих да молат за пари за социалата а попладне социалците се редат пред Герберих за да добијат визи и избегаат од сопствените министри?

Одговорот е значи дека Македонија може да банкротира – доколку и кога странските decision makers оценат и проценат дека е дојден часот за економско созревање на нацијата навикната на лесни фикс-дози на преживување. Навидум, тој час не се насетува ниту приближно на хоризонтот. Но, доколку ја следиме леснотијата со која политичките партии си ги усогласуваат сопствените ставови согласно тесноградите интереси и нивниот споделен еластичен пристап кон криминалот и корупцијата, се наметнува болното но суштинско прашање. Дали банкротот би можел да биде малтусијанската метла за пролистување на не само сегашната во иста шема уиграна политичка постава, туку и ставање крај на comme de habitude стилот на водење политика според прелевање од политичко во етничко, и од етничко во политичко? Дотолку повеќе што ветувањата на Заев за "фокус на економијата” се повеќе наликуваат на истоветните заложби на технократот Груевски за "приоретизирање на економијата”. За која знаеме како заврши, но судејќи според поведенијата на екипата Заев-Ахмети, гледаме и каде се има претопено и акомодирано и унапредено и усовршено. И надградено.

Гласноста на македонската политичка јавноста против етнизацијата на политиката е секако јасно изразена поради окупацијата на албанската политика од страна на Али Ахмети. Но квалитетот на искреноста на тие повици е однапред осудена на презриво отрфлање и одбивање од страна на не-македонците се додека истите тие гласови – вклучително и на еднооките дипломати од Западот – остануват занемени кон етнизацијата на економијaта од страна на македонските етнички партии на Заев и Мицковски. Впрочем, пред неколку години добар дел од Албанците си го искажаа мислењето што мислат за етнизацијата на политиката според клучот на Али Ахмети. За жал, нема никакви назнаки дека истото може да се очекува од Mакедонците во однос на етнизацијата на економијата спроведена хонорарно во нивно етничко име и спроведувано капитално во презиме на нивните полит-партиски првенци. Но колку за предупредување, молкот за етнизацијата на економијата е само предигра за враќање на етнизаcијата на политиката

DW.COM

Реклама