Еден од најголемите светски сламови успешно се бори против короната | Свет | DW | 24.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Еден од најголемите светски сламови успешно се бори против короната

Дарави е еден од најголемите сламови во светот. Тука луѓето живеат натискани еден до друг. Па, сепак, сламот успешно се бори против короната - од еден милион жители, само 80 луѓе починаа како последица на коронавирусот.

Премногу луѓе на премал простор. Само малкумина имаат тоалет. Отворени, ужасно смрдливи одводи. Сиромаштија и глад насекаде - тоа е сламот Дарави во Мумбај. Тоа е местото каде што е сниман филмот „Милионерот од гетото“ и поради тоа што филмот ја покажува валканата страна на Индија, тој во земјата ни оддалеку не наиде на толку добри реакции како во остатокот од светот. Но, успехот на момчето од улиците на Дарави, кој на крајот победува во квизот „Кој сака да биде милионер“, сепак одушеви дел од Индијците.

Indien Dharavi Slum in Mumbai (picture-alliance/imageBroker/F. Bienewald)

Дарави е еден од најголемите сламови во светот

Сега луѓето во Дарави се надеваат на среќен крај и во стварноста, на среќен крај во корона-кризата, вели 43-годишниот Криша Тамбаве. И тој, како многумина, ја загубил работата поради карантинот. Имал мал дуќан за кожени производи кој морал да го затвори. Кога на почетокот на април во неговиот кварт е регистриран првиот случај на корона-инфекција, се загрижил дека Ковид-19 ќе се прошири експресно брзо:

„Овде понекогаш во една соба живеат по 15 работници кои доаѓаат од другите делови на земјата. Тие и во време на полициски час мораат да излезат за да купат храна, или да се измијат на јавните чешми. Овде еден тоалет делат до 1000 луѓе. На почетокот на мај конечно дозвола за старт добија првите возови, па многумина се вратија во своите села. Така и бројот на корона-случаите се намали.“

Повеќе: Со речиси 700.000 случаи, Индија - трета најпогодена земја од коронавирусот

Тоа е сигурно е една од причините зошто бројките на корона-инфекции во сламот не се зголеми толку како што многумина стравуваа, но сигурно не е главната причина, вели Киран Дигавкар од градската управа во Мумбај, кој се грижи за организација во Дарави. Неговиот успешен рецепт гласи: делување наместо реагирање.

Mumbai Dharavi Gesundheitsteam der Stadt Mumbai im Anti-Corona-Einsatz in den Slums Kiran Dighavkar (BMC )

Киран Дигавкар

„На почетокот беше прилично тешко, но потоа ги опремивме станиците за карантин оптимално. Луѓето добиваа храна трипати дневно. Беше чисто и ангажиравме лекари кои им даваа лекови на луѓето. Кога тоа се расчу меѓу луѓето овде, тие доброволно и радо одеа во станиците. Наместо да се заразат семејството и соседите, осознаа дека е подобро да заминат самите во карантин.“

Хуманитарните организации и властите им делеа маски на жителите на сламот. Друг клуч за успех беа лекарите во сламот. На почетокот тие мораа да ги затворат ординациите поради полицискиот час, но потоа ги уверија властите дека сакаат да работат. Зашто, луѓето во Дарави им веруваат, вели д-р Анил Пачнекар. Тој лекува луѓе од сламот веќе 35 години:

„Одевме до врата до врата, бевме на секој агол и прегледувавме луѓе. Потоа со мегафони повторувавме зошто треба да се носат маски и дека треба да се мијат рацете. Верувајте ми, тоа многу помогна.“

Mumbai Dharavi Gesundheitsteam der Stadt Mumbai im Anti-Corona-Einsatz in den Slums (BMC )

Луѓето во Дарави им веруваат на лекарите, вели д-р Анил Пачнекар

Лекарите им мереле температура и количество на кислород во крвта на стотици илјади луѓе. Ако некој имал симптоми барале веднаш да замине во станиците за карантин, каде се спроведувале тестови за коронавирус. Училиштата, салите за свадби и спортските сали биле пренаменети за кратко време за сместување на корона-пациенти. Оние кои биле во критична состојба, биле пренесувани во околните болници. Благодарение на ваквата стратегија стапката на смртност е на ниско ниво - од еден милион жители на Дарави, само 80 луѓе починаа како последица на коронавирусот. И, ако во мај имаше над 1200 инфицирани, во последната недела од јуни тој број изнесуваше само 270 новоинфицирани луѓе.

Повеќе: Фотографија на денот: Со рикша против коронавирусот

Лекарите за тоа време не добивале плата. Властите им доставиле само заштитна облека. Д-р Анил Пачнекар се колне во лекот хидроксихлорокин, кој лекарите го земале цело време како превенција: „Лекот го земавме два месеца. Ниту еден од нашите помошници кои редовно го земаа не се зарази со корона во тоа време.“

На почетокот властите размислувале со лекот да ги снабдат сите жители насламот, но несаканите дејства биле големи, особено за постарите луѓе и за оние со срцеви проблеми.

Indien I Coronavirus (picture-alliance/H. Bhatt)

Борбата против коронавирусот во Дарави се смета за успешен модел во Индија

По 90 денови „корона-војна“, како што тоа го дефинираше еден весник во Мумбај, властите полека ги намалуваат мерките и ангажманот во сламот. Но, стравот од вирусот е останат. Трговецот Криша Тамбаве се инфицирал со вирусот и неговата здравствена состојба се влошила толку, што морал да биде пренесен во клиника. Денес е здрав, но луѓето од неговиот кварт не веруваат во дијагнозата:

„Кога се вратив од клиниката соседите бегаа од мене. Ме гледаат како да сум од друга планета, како да сум сосема променет. Искрено, во моментов тоа е мојот најголем проблем.“

Повеќе: Коронавирус: постигнувањето групен имунитет ќе предизвика многу жртви

Сепак, борбата против коронавирусот во Дарави се смета за успешен модел во Индија. Во главниот град Њу Делхи властите сега сакаат да постапат слично во сиромашните квартови: идентификација на новозаразени, тестирање, лекување.

 

DW.COM

Реклама