Египет не дозволува независна истрага за смртта на Морси | Свет | DW | 19.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Египет не дозволува независна истрага за смртта на Морси

Египет ги обвини ОН дека ја политизираат смртта на поранешниот претседател Мохамед Морси, откако беше побарана независна истрага по ненадејното колабирање на 67-годишниот затвореник во судница во Каиро.

Портпаролот на египетското министерството за надворешни работи остро ги отфрли забелешките на портпаролот на Комесарот за човекови права на Обединетите нации за смртта на Морси.

„Забелешките се обид намерно да се политизира природна смрт... и да се фрли сомнеж врз египетските државни институции и врз интегритетот на египетското правосудство“, рече тој. Според портпаролот, коментарите од ОН избрзуваат со „погрешни заклучоци и не се базираат врз никаков доказ“.

Во вторникот, портпаролот на ОН, Руперт Колвил, побара детална независна истрага за околностите на смртта на Морси, како и за условите во затворот во кој престојувал.

Морси, лидер на забранетото Муслиманско братство, стана првиот демократски избран претседател на Египет во 2012 година, а неполна година потоа беше урнат во воен пуч.

Во меѓувреме беше обвинет и му се судеше за серија кривични дела. Во понеделникот тој присуствуваше на судење по обвинение за оддавање државни тајни на Катар додека бил на функцијата.

Морси беше погребан во вторникот во Каиро во присуство на членови на неговото најтесно семејство.

Египетските власти не го одобрија барањето на семејството тој да биде погребан во семејната гробница во  родниот град Адва.

Според првичните сознанија, Морси починал од срцев удар во понеделникот за време на судењето. Повеќе домашни и странски организации побараа независна истрага.

DW.COM

Реклама