Егзекуции на смртни казни како на лента | Свет | DW | 28.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Егзекуции на смртни казни како на лента

Бидејќи на крајот на април истекува рокот за употреба на еден анестетик, во Арканзас беше извршена уште една смртна казна- како дел од најголемиот бран на егзекуции во САД по цели 40 години.

Во  Арканзас е погубен четвртиот затвореник за 8 дена, откако повеќе од 12 години во оваа американска сојузна држава не беше извршена ниту една смртна казна.

Во затворот во градот Варнер со смртоносна инекција е погубен 38-годишниот Кенет Вилијамс. Затвореникот е прогласен за мртов ноќеска во 23.05 часот по локално време, 13 минути по почетокот на погубувањето.

Репортер на новинската агенција „Асошиејтет прес“ кој присуствувал на погубувањето изјавил дека телото на осуденикот се тресело 20 пати пред да почине. Според зборовите на портпаролот на гувернерот, тоа била „несакана реакција на мускулите“ , како последица на едно од хемиските сретства употребени за погубување.

Вилијамс во 1999. година е осуден на смрт поради убиство кое го сторил по бегство од затвор. Вилијамс веќе бил осуден на доживотна казна поради уште едно убиство. Додека бегал предизвикал судар во кој починало уште едно лице.

Пред погубувањето се извинил и рекол оти погрешил и дека злосторствата кои ги сторил се „бесчувствителни, исклучително болни и непростиви“.

Во Арканзас во минатата недела е извршена првата смртна казна од 2005. година наваму, а во вторникот е извршено двојно погубување, прво во САД од 2000. година.

Егзекуциите беше дел од серијата со планирани седум погубувања. Судовите меѓутоа привремено стопираа четири од нив. Гувернерот на Арканзас, Аса Хачинсон до декрет го нареди овој бран на егзекуции, најголем во САД по цели 40 години. Одлуката наиде на остри критики ширум светот.

Причина за брзањето е фактот дека кај залихите на анестетикот Мидазолам , кој е дел од смртоносниот коктел, на крајот од април истекува   рокот за употреба. Американските власти имаат проблеми со снабдувањето со нови количества Мидазолам бидејќи некои производители ги стопираа нивните средства за егзекуции.

Во САД, во минатата година се извршени 20 смртни казни. Во досегашниот тек на 2017 година, властите егзекутираа десет луѓе. Во 31 од вкупно 50 американски држави и натаму постои смртната казна.

 

DW.COM

Реклама