Евросонг стартува со првото полуфинале | Панорама | DW | 09.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Евросонг стартува со првото полуфинале

На Изборот на песна на Евровизија во Украина има претставници од 42 земји. Според кладилниците, најголеми шанси за победа му се даваат на Италијанецот Франческо Габани.

Изборот на песна на Евровизија, започнува денеска во Киев, каде во рамки на првата полуфинална вечер настапуваат претставници од 18 земји. Втората полуфинална вечер е закажана за 11 мај, и на неа ќе настапи и македонската претставничка Јана Бурческа со мелодијата „ Dance Alone". Финалето на годинешниот Евросонг ќе биде во сабота на 13 мај.

Најпопуларниот музички натпревар во Европа се одржува по 62-ри пат  а годинава домаќин е главниот град на Украина, благодарејќи на минатогодишната победа на Џамале со песната „1944“. Ова е вторпат Украина да е домаќин на натпреварот, предходниот пат беше домаќин во 2005. година. На Изборот на песна на Евровизија годинава во Украина има претставници од 42 земји.

Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016. година, додека Босна и Херцеговина се повлече од натпреварувањето поради финансиски проблеми, а Русија нема да учествува бидејќи Украина ѝ забрани влез на нивната претставничка

Гледај видео 01:48

Киев е подготвен за Евросонг

Во првото полуфинале учествуваат Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија и Летонија.

Право на глас ќе имаат публиката и членови на жиријата од земјите учеснички, како и директните финалисти Италија, Велика Британија и Шпанија.

Во втората полуфинална вечер покрај Македонија се натпреваруваат уште и Србија,  Австрија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

Ќе гласаат публиката и жиријата од земјите учеснички од второто полуфинале, како и директните финалисти Германија, Украина и Франција.

Русија требаше да настапи по редниот број 3 во ова полуфинале, но се откажа од натпреварот откако украинската влада ѝ забрани влез во земјата на нивната претставничка Јулија Самојлова.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама