Европско предупредување до Трамп | Економија | DW | 02.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Европско предупредување до Трамп

ЕК ги предупреди САД од масивни реципрочни мерки ако бидат вoведени заштитни царини за европските автомобили. Отпор пружаат и американски фирми, на пример Џенерал моторс.

По налог на претседателот Доналд Трамп, во тек е проверка дали увозот на автомобили од ЕУ ја загрозува националната безбедност на САД и поради тоа е потребно воведување дополнителни царини за нив. Тоа беше повод Европската комисија да упати предупредување од „одмазднички“ мерки, доколку владата во Вашингтон реши да воведе повисоки увозни царини за автомобилите од европско производство. Во прашање се дополнителни давачки за увоз на американски производи во вредност до 294 милијарди долари, се вели во соопштението кое денеска беше лиферувано од Брисел до американското министерство за економија. Непосредните штети за американската економија би изнесувале 13 до 14 милијарди долари.

Американскиот претседател ѝ се закани на ЕУ со заштитни царини за автомобилите и автомобилските делови од 20 проценти, а мерката посебно би ги погодила германските автопроизводители.  

Повеќе: 

Заштитни царини на САД - потребни се челични нерви

Трамп е иритиран од наводната неизбалансираност во браншата. Во 2017. година во САД биле импортирани автомобили од ЕУ во вредност од 37, 4 милијарди долари, а во ЕУ од САД биле купени американски автомобили во вредност од само 6,2 милијарди долари. ЕК го истакнува значењето на европските автомобилски производители, кои имаат свои фабрики во САД: лани тие имале удел од една четвртина во вкупното американско автопроизводство. САД од јуни воведоа заштитни царини за челик и алуминиум од ЕУ, а од мерката се погодени и други земји. Брисел реагираше со воведување казнени царини за одредени продукти од САД,  како путер од кикирики и  мотоцикли Харли Дејвидсон

Мобилизација против царинската политика на претседателот Трамп вршат и американски претпријатија и институции. Една студија, изработена по налог на Aмериканската трговска комора, доаѓа до заклучок дека царинскиот конфликт ќе падне врз грбот на американските потрошувачи. Поради тоа Американската трговска комора почна кампања против планираните царини од страна на претседателот Трамп. Традиционално, Трговската комора инаку ги поддржуваше американските републикански претседатели. И големиот американски автомобилски производител Џенерал моторс предупреди од воведување зголемени царини за автомобили, зашто тие можат да ги оптоварат и американските производители и да загрозат работни места. Претходно вакви апели стигнаа и од лоби-здружението на браншата, Ауто Алијанс, во кое покрај ЏМ спаѓаат и Форд, Тојота и Фолксваген.

 

DW.COM

Реклама