1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Право на одмор и по смртта

6 ноември 2018

Европскиот суд на правдата ги зајакна правата на вработените на платен одмор. И наследниците на починат работник имаат право да бараат надоместок за неговиот неискористен одмор од неговиот работодавач.

https://p.dw.com/p/37jCc
Symbolbild Flip Flops im Urlaub
Фотографија: Colourbox

Одлуката на Европскиот суд на правдата во Луксембург е важечка без оглед на егзистирањето поинакви одредби во националното право, како на пример во Германија, каде законите всушност го исклучуваат ова право.

Судската одлука е донесена по тужбата на две вдовици од Германија, кои барале надоместок за платениот одмор на своите починати сопрузи, кои не го искористиле своето право пред смртта. Германскиот Сојузен управен суд во ова прашање се обрати за толкување до Европскиот суд на правдата, барајќи мислење дали наследниците го имаат ова право според европските прописи, иако не е предвидено со националните закони.

Судот во Луксембург во пресудата истакнува дека законската регулација на правото на платен одмор има два аспекта. Според едниот, на работникот треба да му се овозможи опоравување, што во случајот кога тој починува, веќе не е можно. Од друга страна, постои право на добивање платен надоместок за време на одморот, кој не може ретроактивно да му биде ускратен на работникот и подоцна на неговите наследници. Ова важи како за државните, исто така и за приватните работодавачи.