Европски суд за човекови права: Задолжителното вакцинирање е неопходно | Свет | DW | 08.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Европски суд за човекови права: Задолжителното вакцинирање е неопходно

Европскиот суд за човекови права во обврската за вакцинирање не гледа прекршување на човековите права. Судот оцени дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“.

Европскиот суд за човекови права, кому му се обратија родители на деца од Чешка кои не се примени во градинка поради тоа што не биле вакцинирани, оцени дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“. Чешката здравствена политика, како што се вели, е во „најдобар интерес“ на децата. Секое дете мора да се „заштити од тешки болести со вакцинирање или со постигнување колективен имунитет“, сметаат судиите во Стразбур. Оттука, обврската за вакцинирање не претставува повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права.

Во Чешка децата мора задолжително да бидат вакцинирани против девет болести, меѓу кои дифтерија, тетанус, хепатитис Б, морбили... Повеќе родители, кои поради прекршување на обврската за вакцинирање на децата, мораа да платат казни или децата не им се примени во градинка, поднесоа тужба. Сега судот одлучи дека задолжителната вакцинација не претставува кршење на одредбите на Европската конвенција за човекови права кога станува збор за „правото на почитување на приватен живот“.

Повеќе: 

Вакцинацијата против морбили задолжителна - конечно!

Задолжително вакцинирање или само задолжително советување?

„Политиката на вакцинација следи легитимни цели на заштита на здравјето, како и правата на другите, затоа што ги штити и оние кои примаат вакцини и оние кои не можат да бидат вакцинирани поради медицински причини“, истакнува судот и додава дека лицата кои не можат да примат вакцина „зависат од колективниот имунитет за да се заштитат од тешки заразни болести“. Затоа, Чешка „има голема слобода на проценка во тој контекст“, наведува судот, на чии одлуки не може да се вложи жалба.

Frankreich | Europäischer Gerichtshof für Menschenrechte in Straßburg

ЕСЧП: Обврската за вакцинирање не претставува повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права

Ова е прва пресуда на Европскиот суд за човекови права за обврска за вакцинирање на деца. Експертите сметаат дека таа пресуда ќе влијае на многу кампањи за вакцинација во различни земји. „Оваа пресуда ја зајакнува можноста за обврска за вакцинирање во услови на актуелната епидемија на Ковид-19“, оцени правниот експерт Никола Еврие за агенцијата АФП, кој ја следи работата на Европскиот суд за човекови права.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема