Европските банки го отвораат „чекмежето“ за Западниот Балкан | Економија | DW | 26.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Европските банки го отвораат „чекмежето“ за Западниот Балкан

Земјите од Западниот Балкан профитираат од закочениот пат на Турција кон ЕУ. Средствата претходно планирани за Турција се префрлаат кон Западниот Балкан, пишува денеска германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг.

EBRD Hauptsitz in London (EBRD)

Централата на ЕБРД во Лондон

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската банка за инвестиции (ЕИБ), засилено се ангажираат во шесте држави од Западниот Балкан кои важат за следни кандидати за членство во ЕУ, пишува ФАЦ во пресрет на денешниот инвестициски самит во Лондон.

Според податоците на ФАЦ, ЕБРД во ниту еден друг регион не се ангажира толку многу како на Балканот.
„Кумулативните инвестиции во овие шест држави изнесуваат 560 евра бруто по жител. За споредба: во источноевропските членки на ЕУ како Полска, Унгарија, Хрватска или балтичките земји, тоа изнесува само 330 евра по глава на жител. (...) Севкупно, ЕБРД инвестирала 10 милијарди евра за 600 проекти на Западниот Балкан. Речиси половина од парите, 4,7 милијарди евра добила Србија, по неа БиХ со 2,1 милијарди евра, Македонија добила 1,6 милијарди, а Албанија една милијарда евра.“

Инвестицискиот самит во Лондон се одржува само неколку недели по објавувањето на Стратегијата на ЕУ за Западниот Балкан. Планирано е на самитот да биде промовирана инвестициската платформа за Западниот Балкан во соработка со Стопанската комора на Западниот Балкан.
„Секојпат кога ЕУ ќе испрати позитивни сигнали кон Западниот Балкан, се забележува пораст на инвестициите“, вели претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.

Symbolbild Geld & Steuern (picture-alliance/dpa/J. Kalaene)

Парите наменети за Турција се пренаменуваат за Западниот Балкан

И Европската инвестициска банка од Луксембург го зголемува ангажманот на Западниот Балкан. Од 2007 година биле исплатени 7 милијарди евра, а само во 2017 година 548 милиони евра. Само од почетокот на оваа година Србија добила околу 347 милиони евра.

„На тој начин ЕБРД и ЕИБ јасно ја следат Стратегијата за Западниот Балкан на Европската комисија. (...) Засилениот интерес за Балканот е резултат на намалените шанси за членство на Турција. (...) Традиционално, Турција е најважната земја-корисник на ЕБРД и ЕИБ, но активностите таму се намалуваат. Истото важи и за ИПА фондовите. И во тој дел Анкара беше најголем профитер, но сега има пренамена кон Балканот. Веќе сега Србија по глава на жител добива повеќе пари од Турција“. 

Шефот на ЕБРД, Чакрабарти признава дека во Западнобалканските држави постојат големи дефицити, пред сѐ во однос на слабите институции и огромната корупција. Претприемачите имаат проблеми со презадолженост, ниска продуктивност, и недостаток на обучена работна сила.
„Сето тоа се пречки за членство во ЕУ, но тие не се ненадминливи“, вели Чакрабарти за ФАЦ.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

DW.COM

Реклама