Европскиот џин „Алди“ нуди патувања во Северна Македонија | Економија | DW | 05.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Европскиот џин „Алди“ нуди патувања во Северна Македонија

Македонските туристички потенцијали се најдоа и во понудата на најголемиот синџир во трговијата на мало во Европа, германскиот концерн „Алди“.

Уникатни крајолици, фасцинантни градови и импознантни културни богатства - вака најголемиот трговски џин во Европа, германскиот синџир „Алди“, ги продава своите патувања во Северна Македонија и на Балканот.

Во најновата понуда на „Алди-патувања“ се застапени пакет-аранжмани за десетдневни патувања во Северна Македонија и Бугарија во 2020 година, по цена од 949 до 1099 евра, со можност за попуст, доколку заинтересираните резервираат порано, во висина од 100 до 150 евра. Притоа, се нуди посета на Скопје, на манастирот Свети Јоаким Осоговски, посета на Берово и запознавање со производството на сирење, како и посета на дел од црквите и манастирите во регионот на Струмица. Сѐ се заокружува со посетата на Стоби, каде е предвидена и проба на македонски вина.

Македонските убавини се застапени и во понудата за патување низ осум балкански земји, кое чини помеѓу 999 и 1119 евра. Дел од тоа патување е и посетата на Охрид. Притоа во описот стои: „Со прошетка го откривате градот кој важи за религиозен центар на православната црква. Знаете ли дека Охрид има 365 цркви? Дел од нив ќе запознаете денеска (на деветтиот ден од патувањето кое трае 12 дена, н.з.)!“

Kirche St. John Kaneo Ohrid (DW/M. Jovanoski)

Посета на Свети Канео е исто така предвидена во понудите на „Алди-патувања“

Најдолгото патување кое го нуди „Алди-патување“ е 14-дневната тура во четири земји: Албанија, Северна Македонија, Грција и Турција. Притоа, по цена од 1399 до 1599 евра, на заинтересираните им се нуди патување по познатата Виа Игнација од Тирана до Истанбул. И во оваа понуда е предвидена посета на Охрид и езерото, за кое се нагласува дека е „најдлабоко во Европа и второ по длабочина во светот“. „Градот се нарекува и Ерусалим на Балканот, затоа што во него има околу 365 цркви и манастири“, стои во понудата, која предвидува и посета на Струга и Битола, вклучително и Хераклеја.

„Алди-патувања“ е дел од ланецот дисконти „Алди“ и постои од 2007 година. Се нудат одмори, патувања со прекуокеански бродови и тури во градови, но има и специјални понуди како велнес-патувања, детски туристички тури, или патувања на одредени настани.

Повеќе:

Малите тајни на големите германски супермаркети

Почина косопственикот на „Алди“

Феноменот „Алди“

„Алди“ е најстариот германски ланец дисконти и најголемиот трговец на мало во Европа. Браќата основачи на концернот, Карл и Тео Албрехт долго важеа за најбогатите луѓе во Германија. „Алди Север“ и „Алди Југ“ заедно имаат над четири илјади филијали во Германија, а ширум светот - над 10.000 филијали.

 

DW.COM

Реклама