Европскиот Устав еден од приоритетите на Германија | Теми на денот | DW | 09.01.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми на денот

Европскиот Устав еден од приоритетите на Германија

Германската влада на заедничка седница со Европската комисија во Берлин го презентираше планот на активности врз кои ќе се фокусира во шесте месеци од претседателствувањето со Европската Унија. Меѓу приоритетите покрај Европскиот устав се и активностите околу стопанскиот развој, но и толку актуелната енергетска политика

На проширена Европа не и требаат инструментите од минатото. И треба нов Устав - согласни се Меркел и Барозо

На проширена Европа не и требаат инструментите од минатото. И треба нов Устав - согласни се Меркел и Барозо

"

Германија се радува на времето на претседатeлетсвото со ЕУ. Но, Европа мора заеднички да ја обликуваме.. Само така тоа ќе ни појде од рака ... И ние сме на добар пат” - вака германската канцеларка Ангела Меркел денес попладне во Берлин го пренесе расположението пред активностите кои престојат како претседавач со Европската Унија. Германија е решена да направи се што е во нејзина моќ нејзиното претседателство со ЕУ да биде бериќетно. Иако, едно претседателствување со ЕУ не може да ги реши сите проблеми на Европа, работата во трио со Португалија и Словенија, Меркел очекува да донесе плод особено во доменот на актуелизирањето на Европскиот Устав. Ова е само една од редицата активноасти за кои е потврдено заедништвото со ЕУ. Денеска во Берлин на заедничката средба меѓу комплетната Европска комисија предводена од нејзиниот прв човек Жозе Мануел Барозо и германскиот кабинет на чело со канцеларката Ангела Меркел., Германиоја го презентираше планот на работа во наредните шест месеци. На прес конференција Меркел изјави:

“Секако дека разговаравме за Уставот на ЕУ. Фазата на рефлексии е завршена и со германското претседателство се отвора нов циклус кој треба да заврши до претседталетвото на Франција во 2008 година. Сигурно дека повторното актуелизирање на Уставот е голем залак” констираше Меркел подвлекувајќи дека Германија ќе изготви временски план на активности и идејата е да се работи во трио со идните престедавачи на ЕУ Португалија и Словенија.

Значењето на оваа иницијатива го потврди и Барозо кој истакна дека концентрацијата е насочена кон приоритетите. Голем сигнал е што Германија го вметна прашањето за Европскиот Устав во својата агенда. Ова покажува смелост да се соочи со толку тешка тема и ние Европската комисија и натаму ќе ја поддржува Германија. Ѓефот на Комисијата, образложувајжи го значењето на Европскиот устав подвлече дека дека во една проширена Европа не може да се применуваат инструментите од минатото. Потребна е нова регулатива и на граѓаните треба да им се објасни и доближи оваа нова Европа.

На агендата на активнсотите на Германија во наредниве шест месеци се и обезбедувањето стопански развој и намалувањето на бирократијата. Фокус ќе се стави и врз прашањата врзани за заштитата на климата и енергетиката кои посебно се актуелизрани во поселениве 24 часа со соприрањето на дотур на сурова нафта од Русија и Азертбејаџан. Поради настанатиот проблем Меркела ја апострофираше неопходноста од заедничка енергетска политика, интересот на Европа да биде едногласна по прашањата врзани за сигурноста во снабдувањето, ефикасноста и користењето на обновливите енергии. Заради тоа - заедничката енергетската политика ќе биде на дневен ред и утре во Брисел најави првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.

Реклама