Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Европската Унија е економска и политичка унија на 28 земји членки. Нејзиното население брои околу 500 милиони луѓе. Најбројна е Германија, а најголема по површина е Франција
Основачи на ЕУ се Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Холандија и Западна Германија, земји кои го потпишаа Договорот од Рим во 1957 година за основање на претходникот на ЕУ. Најпрво наречен Европска економска заедница, блокот ја замени Европската заедница за челик и јаглен, која беше формирана по завршувањето на Втората светска војна. Актуелната Европска Унија беше формирана со Договорот од Мастрихт во 1993 година.