Европска армија анте портас | Свет | DW | 23.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Европска армија анте портас

Лидерите од Европска унија често изразуваат желба за европска армија. Откако еден мегаломански обид таа желба да се оствари помина катастрофално, сега овој проект полека, чекор по чекор, добива контури.

Неколку години по завршувањето на Втората Светска Војна, со договор беа регулирани сите детали за идна европска армија во која би имало војници од Франција, Германија, Италија и од земјите од Бенелукс: на пример со единствени униформи, но и јасна командна структура.

Комесаријатот кој требаа да го сочинуваат 9 претставници би испраќал војска на фронот, а него требаше да го контролира Европско собрание составено од пратеници од државите членки. 

Повеќе на темата:

-Мал чекор кон армија на ЕУ

-Светот на раб на бездна?

-Европската унија во нервозна фаза

Воените едници на пониско ниво требаа да бидат чисто национално организирани, а офицерите кои би ги командувале да бидат од различни земји членки. Многу работи веќе беа подготвени за овој најамбициозен проект на повоена Европа- кој во летото 1954 година пропадна поради отпор од францускиот парламент.

Постојана структурна соработка

Откако оваа Европска одбранбена заедница не помина, плановите за европска армија со децении беа во фиока. Сега се повторно на маса. Недостатокот од интерес на американската влада под Доналд Трамп за Европа, зголемената загрозеност на континентот поради Русија и  повлекувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година, предизвикаа нова динамика во проектот за европска војска.

Новиот почеток се случи во ноември 2017 година, кога 25 земји од ЕУ договорија „Постојана структурна соработка“ за воените прашања. Оваа поблиска соработка предвидува зеднички проекти за вооружување, но и поблиска соработка меѓу армиите. Министрите за одбрана во ЕУ сметаат дека оваа форма на соработка би можела да биде подготовка за формирање на европска армија, а паралелно со тоа се зголемува и соработката на национално ниво.

Германија-Франција

Како можно јадро на европската армија, во 1989 година беше основана заедничката германско-француска бригада со 6.000 војници. Оваа пешадиска бригада е единствена двонационална голема воена единица во светот- стационирана е на 4 локации во Германија и 3 во Франција. Еден германски батаљон во рамките на оваа бригада се наоѓа во Алзас, единствена борбена единица на Бундесветот која е постојано стационирана надвор од Германија. Меѓутоа, војниците и од едната и од другата држава служат навистина заедно само во батаљонот за снабдување и по штабовите- сите други единици се раздвоени.

Уште една заедничка работа е тоа што од основањето на бригадата, германските и француските војници корисат ист тип на пушки. Останата воена опрема и денес, 30 години подоцна, и натаму значително се разликува. Бригадата никогаш не била како цела единица во некоја борбена акција.

Германија-Холандија

Само неколку години по формирањето на француско-германската бригада, во 1995 година, Германија и Холандија основаа германско-холандски корпус, во кој, во случај на потреба, се подредени една холандска и една германска дивизија со вкупно околу 40.000 војници. На корпусот директно му припаѓаат два бинационални батаљони- за комуникација и за поддршка.

Во почетокот војниците од двете земји беа само во штабот, но веќе некое време Германија и Холандија, чекор по чекор, ги поврзуваат и единиците. Така германскиот 414 тенковски батаљон сега е дел од 43-тата механизирана бригада на Холандија. А германскиот батаљон вклучува и холандска единица со 100 војници кои таму се обучуваат на германски тенкови.

Со тоа за првпат меѓусебно се интегрираат германски и холандски единици- од ниво на единица, до дивизија- речиси онака како што било планирано уште во 50-тите години. Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен, исто така, оценува дека станува збор за „одличен пример за изградба на европска одбранбена унија“.

Не се создаваат само германски и холандски тенковски единици. На 1 јануари 2014 година холандската 11-та воздухопловна мобилна бригада со околу 2.000 припадници е поврзана со германската Дивизија за брзи сили. Тоа значи оти постои и тесна врска меѓу германските и холандските специјални сили.

Поморска соработка

Прекуграничната соработка не е само политичка цел. Европејците на тој начин сакаат и да ги наалат трошоците или едни на други да си пружат пристап до воените способности, кои партнерот ги нема. На пример морнарицата: годинава би можела да започне договорената интеграција на целата германска поморска пешадија (800 војници) во холандската морнарица. Тоа подразбира право на користење на холандскиот брод за снабдување и поддршка „Карел Дорман“, кој е погоден за амфибиски операции.

Конечно, воената соработка во Европа не ја забрзува само политичката волја, туку пред сѐ воените потреби. Тоа важи за помалите земји, како на пример Холандија, но и за „тешкашите“ во ЕУ, како Франција или Германија.

На пример, по француската интервенција во Мали во 2013 година, воените стратези во Париз беа шокирани кога открија дека Франција повеќе не може подолго време да издржи толку големи воени операции. Набргу по почетокот на операцијата „Сервал“, сојузниците мораа да помагаат во транспортот, но и во извидувањето.

И во Бундесверот во моментов се соочуваат со тоа колку мерките на штедење во изинатите децении ги ограничија оперативните способности на трупите. На пример: сите подморници на Германците во моментов се во пристаниште, па екипажите можат да вежбаат сао на копно. Најрано за половина година третата по големина војска во Европската унија повторно ќе има подморница која функционира.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

DW.COM

Реклама