Европа сега има поважни проблеми од Орбан | Свет | DW | 14.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа сега има поважни проблеми од Орбан

Луксембуршкиот министер за надворешни работи бара исфрлање на Унгарија од ЕУ поради нечовечната политика кон бегалците на Орбан. Жан Аселборн има право, но неговиот напад доаѓа во погрешно време, оценува Барбара Везел.

Дали на Жан Аселборн му беше само здодевно? Дали можеби сакаше по летната пауза повторно да се најде на насловните страници? Дали на одмор гледал премногу тв-емисии со бегалци кои се дават во Средоземјето? Во секој случај, неговиот последен вербален напад против Виктор Орбан беше некако самоволен.

Суштински министерот во принцип има право. Затоа што хистеричната пропаганда на Орбан пред закажаниот референдум за бегалците во Унгарија е дрскост. Тој својата мала диктатура на Дунав ја претвора десноекстремна енклава во ЕУ, ги гази демократијата и човековите права и уште згора на тоа смета дека е супер. Освен тоа, како што изгледа, тој радо би ја претворил Вишеградската група во еден источноевропски сојуз на антидемократи со фашизоидни тенденции. Во улогата на најголем водач на сите времиња Виктор Орбан без сомнеж се гледа себеси.

По 25 години повторно бодликава жица во Унгарија

Во секој случај, Унгарецот ја огради својата земја со ѕидови и бодликава жица за да спречи влез на бегалците и во моментов ги обучува вооружените милиционери во ловци на луѓе на овие граници. Треба да се биде подготвен на први жртви.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*

Барбара Везел

Орбан и онака одамна ги има парализирано демократските институции, ја минира опозицијата, го држи на узда правосудството, го замолче слободното новинарство. Сето тоа се прекршувања на правилата на демократијата, вградени во ЕУ-договорите. Но, сето тоа е и одамна познато. ЕУ со години го набљудува развојот во Унгарија и е како замаена од политички обѕири.

Жан Аселборн им прави на извесен начин услуга на своите европски колеги. Кога барем еден го зборува она што сите го мислат, се придонесува за политичко опуштање. А, сигурно меѓу оние кои владеат во ЕУ има повеќемина кои посакуваат земјата да се отвори и да го голтне Виктор Орбан. Неговото расистичко завивање е непријатно, неговата минијатурна диктатура е фактор кој пречи, неговото влијание во Источна Европа е отров.

Кавга во политичката мува-категорија

Само што повеќето европски политичари во моментов сметаат дека е контрапродуктивно да влегуваат во вербална војна со него и неговите следбеници. Европа има поважни проблеми и мора пред сѐ да зрачи со позитивна слика за себе и на граѓаните да им докаже колкава е ползата од нејзе, наместо да се вплеткува во ситничарско пречкање со еден злонамерен идеолог. Времето за тоа ќе дојде. Дотогаш заемните навреди во политичката мува-категорија не се многу продуктивни.

Изливот на бес на Жан Аселборн е бесцелен и поради тоа што Луксембуржанецот и тоа како знае дека ЕУ нема механизам да исклучи една земја членка. Авторите на ЕУ-договорите веруваа премногу во доброто во политиката. Тоа е пропуст кој во меѓувреме е согледан. Оттука, Аселборн засега би требало да биде само во позиција на подготвеност и можеби своето искуство и влијание во здружение со неколку големи партнери, да ги насочи кон концентриран напад по референдумот во Унгарија во октомври.

DW.COM

Реклама