Европа: Некаде се укинуваат, а некаде се враќаат ковид-рестрикциите | Европа | DW | 18.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Европа: Некаде се укинуваат, а некаде се враќаат ковид-рестрикциите

Некои европски држави одлучија да ги релаксираат мерките против коронавирусот како социјалната дистанца, а други воведуваат нови ограничувања поради растот на новозаразените.

Kopenhagen | Die dänische Band The Minds of 99 | Konzert

Концерт во Копенхаген, Данска без социјална дистанца, но само за вакцинирани

Додека повеќе земји во западна Европа се одлучуваат на укинување на ограничувањата во јавниот живот предизвикани од пандемијата на коронавирусот, други, на истокот и југот на континентот ги враќаат рестрикциите. Причината најчесто е стапката на вакцинација- онаму каде што е висока- животот се враќа во нормала, онаму каде што е ниска- се враќа карантинот. 

Еве го прегледот на ситуацијата во неколку европски држави: 

Холандија: Вакцинален сертификат и тест наместо социјална дистанца

Социјалната дистанца веќе не е обврска во Холандија. Од вторникот, холандските власти ја укинаа рестрикцијата- но воведоа задолжителен вакцинален сертификат за влез во ресторан или на концерт. За оние кои не се вакцинирани, потребен е доказ за прележан Ковид-19 или негативен тест направен во последните 24 часа. 

Niederlande | Performans Lion Kojo

Холандија: посетители на танц фестивал во Бидингхујзен

Данска: Ковид веќе не е „општествено критична“ болест

Со висока стапка на вакцинирани, Данска стана првата земја во ЕУ која се врати на социјален живот без ковид-ограничувања. Од минатиот петок Данците можат да влегуваат секаде со доказ дека се вакцинирани. Данската влада соопшти дека повеќе не го смета Ковид-19 за „општествено критична“ болест. Над 80% од возрасните и тинејџерите имаат добиено две вакцини. 

Шведска: Подготвени за пред-пандемискиот живот

Шведска, земјата која никогаш не ги воведе најострите ограничувања за време на пандемијата, одлучи да ги отстрани сите рестрикции за неколку недели. Над 70% од Швеѓаните над 16 години се целосно вакцинирани. Земјата има релативно ниска стапка на смртност и покрај растечкиот број на новозаразени со позаразниот делта-сој на вирусот.  

Schweden | Coronavirus Pandemie

Шведска: Наскоро целосна слобода и во затворени простории

Германија: Акција за вакцинација

Со целосно вакцинирани околу 62% од населението, Германија сега заостанува зад дел од своите соседи. Затоа владата ја започна кампањата „Акциска недела за вакцинација против ковид“. Во јавните простори се поставуваат мобилни вакцинални центри за да се олесни пристапот на граѓаните до вакцината. 

Berlin | Döner-Kebab-Restaurant | COVID-19-Impfungen

Германија: Прво вакцина, па гратис донер

Франција: Протести против обврската за вакцинација

Соочена со голем отпор кон вакцинирањето, Франција на почетокот на август наложи задолжителен вакцинален-пасош за влез во јавни простори- што предизвика бран протести. Минатата сабота, околу 12 илјади луѓе маршираа на улиците на Париз против сертификатот. Некои синдикати и граѓански организации ги поддржаа протестите, загрижени поради нарушувањето на индивидуалните права. 

Paris | Proteste gegen Impfpflicht

Протести против задолжителната вакцинација во Париз

Австрија: Заострени рестрикции

Соочени со раст на бројот на новозаразените и на хоспитализациите, австриските власти ги заоструваат рестрикциите кои претходно беа релаксирани. Според новата регулатива која влезе во сила во средата, антигенските тестови ќе важат само 24 часа низ цела Австрија. Некои патни ограничувања, особено за патници од САД, се повторно вратени. 

Bulgarien | Coronavirus Pandemie

Бугарија: Земја со најниска стапка на вакцинирани во ЕУ

Бугарија: Нови рестрикции по растот на бројките

Во Бугарија, која со 20% целосно вакцинирани е на европското дно, пандемијата е далеку од завршена. Државата сега се соочува со нов, брз раст на бројот на инфекциите поради делта варијантата. Поради тоа властите воведоа полициски час ноќе, повторно ги затворија ноќните клубови, и ги намалија капацитетите на кината, рестораните, па дури и настаните на отворено.