Европа најавува отпор против американските санкции кон Иран | Економија | DW | 06.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Европа најавува отпор против американските санкции кон Иран

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија, заедно со ЕУ-претставничката Могерини, најавија отпор против повторното воведување санкции против Иран од страна на САД.

Постои решеност да се заштитат европските фирми од евентуалните негативни последици на санкциите кои САД ги воведуваат повторно против Техеран, се вели во денешното заедничко соопштение на тројцата министри за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија и ЕУ-претставничката за надворешна политика, Федерика Могерини издадено во Брисел. За таа цел од утре треба да стапи во сила преработениот ЕУ-закон за заштита. Тој треба да ги поттикне европските претпријатија да ги игнорираат американските закани со санкции. Истовремено, законот предвидува отштета за можните настанати трошоци и загуби. Теоретски, ЕУ-законот за заштита нуди дури и опција за казнување на фирми од ЕУ кои ќе се придржуваат кон американските санкции против Иран. Но, исклучително мала е веројатноста оваа можност витински да биде реализирана.

Повеќе: Трамп глуми добар/лош полицаец

Американците прават грешка со новите санкции против Иран?

ЕУ сака да се бори за договорот со Иран

Во соопштението на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, францускиот Жан-Ив ле Дриан, британскиот Џереми Хант и Федерика Могерини, кон Иран е упатено уверување дека ЕУ нема да отстапува од придржувањето кон платежниот промет и бизнисите со нафта и гас со Техеран, истовремено изразувајќи длабоко жалење поради реактивирањето на санкциите на САД.

По откажувањето на САД од Нуклеарниот договор со Иран, утре по американско време стапува повторно во сила првата рунда од американските санкции, кои беа прекинати по потпишувањето на Атомскиот договор во 2015 година. Неговата цел беше спречување на Иран да се стекне со атомска бомба, а за возврат Западот ги укина санкциите и овозможи инвестиции во Иран. ЕУ сака да го спаси Нуклеарниот договор со Иран и се обидува да ги минимизира американските казнени економски мерки кон Техеран.

 

DW.COM

Реклама