Еврозоната треба да стане отпорна на влијанија | Економија | DW | 09.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврозоната треба да стане отпорна на влијанија

Европската комисија сака да ја направи економската и монетарна унија поотпорна на кризи - со предлози кои нема да им се допаднат на сите земји членки.

„Покривот е најдобро да се санира кога уште грее сонце", вели претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. Времињата биле поволни. Европската економија бележи раст, невработеноста е ниска како никогаш во изминатата деценија, климата за бизнис пријатна. Комисијата сака да ги искористи овие околности за да се подготви за идни невремиња.

Стабилност во еврозоната

Досега постоеше Европскиот механизам за стабилизирање. Оттаму економски послаби ЕУ-држави земаат кредити. Него ЕК сака да го промени во постојан извор на стредства за итни случаи, кој ќе биде втемелен во европско право. Таквиот европски фонд би можел во иднина да дава директно кредити на земји или на банки во криза - со капацитет од вкупно 500 милијарди евра. Капиталот на досегашниот механизам за стабилност би требало да биде префрлен на фондот и механизмот долгорочно би бил излишен.

Свен Гиголд, член на Зелените во Европскиот Парламент, смета дека Европскиот фонд е само половичен чекор во вистински правец, бидејќи стравува од преголемо влијание на националните влади. „На Фондот му се накалемува голем товар ако големите земји и натаму успеваат да блокираат одлуки со вето".

Според волјата на ЕК, еврозоната треба да стане постабилна преку повеќе пари за реформи. До 2020-та за тоа треба да се одлеат до 300 милиони евра во членките на еврозоната, двојно повеќе од досега планираното. Покрај тоа, нов Инвестициски фонд треба да им помогне на земјите да ги обезбедат долгорочно тековните инвестиции, дури и во кризни времиња.

Различните фондови не би биле од помош, туку поверојатно е да го предизвикаат спротивниот ефект, смета Клеменс Фист, претседател на Ифо-институтот за економија во Минхен. „Тоа го намалува поттикот сам по себе солидно да работиш. Вакви чекори бараат големи реформи кон сопствена одговорност и засилување на буџетските рестрикции на банките и државите."

Но, Комисијата сака да ги подготви за својата посакувана иднина и земјите кои сѐ уште го немаат еврото како платежна валута - платежна Унија која ја опфаќа цела Европа. И за тоа сака да стави средства на располагање.

Посакувана е политичка интеграција

Сопствен буџет за еврозоната, како што бараше францускиот претседател Макрон, нема да има. Комисијата не држи чекор ни со желбата на Макрон да се воведе сопствен министер за финансии на ЕУ.

Наместо тоа, ЕК предлага таа улога да ја презема претседавачот со Еврогрупата, неформален Совет на земјите кои го имаат еврото како платежно средство. Во најдобар случај тој истовремено би бил и потпретседател на Комисијата.

Три места во персоналната Унија - некои земји членки и претходно разјаснува дека тоа не им се допаѓа, зашто Комисијата така би го зголемила своето влијание.

Свен Гиголд од европски министер за финансии очекува повеќе транспарентност. „Обврската за отчет на европски министер за финансии конечно би донесла малку светло во мракот на досега нетранспарентниот начин на носење одлуки во Еврогрупата."

Местото на европски министер за финансии би можело да биде уредено слично како и она на Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, актуелно Федерика Могерини - служба која ја претставува цела еврозона надвор.

Но, тоа би било мачкање очи, критикува Клеменс Фист од Ифо-институтот. „Воведувањето на европски министер за финансии ја храни илузијата дека економската и финансиска политика ќе биде водена на европски начин. Фактички контролата и одговорноста би биле кај националните парламенти и влади."

Јункер ги сака сите во еврозоната

До 2025-та година еврозоната треба да се прошири на сите земји членки на Унијата, барем според желбата на Европската комисија и информациите од извори во ЕУ.

Јункер сака сите да учествуваат во еврозоната и таа, според неговата замисла, да биде фактор на интеграција. Со новите извори за субвенции земјите членки на ЕУ уште од сега треба да се подготвуваат на тој чекор.

Оваа идеја не им се допаѓа на сите нив. На следниот самит на 15.12. тоа и ќе се покаже.

Реклама