ЕВН го исклучи уличното осветлување - бара наплата на долгот
4 јули 2007Реклама
Улиците на главниот град Скопје синоќа 15 минути останаа без осветлување. Мерката ја презеде австриската компанија ЕВН, поради неплатен долг за електрична енергија. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски се амнестира од одговорност и тврди дека за долговите се одговорни општините, а проблемот требало да се решава на владино ниво.