Евангелие по Вучиќ | Свет | DW | 01.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Евангелие по Вучиќ

Покрај со пофалби преплавен Вучиќ и неговата свита, убавото време и химничкиот патриотизам, постројувањето на кичесто униформираните војници, црвените теписи, нема да останат позначајни детали за паметење. Освен еден.

Помпезната церемонија на устоличувањето на Александар Вучиќ покажува дека неговото претседателствување ќе биде полно со самопрогласени суперлативи. Насмевката, која тој политичар баш и не го краси, не се симнуваше од неговото лице. Тоа значи - сѐ тече според планот. Активистите на неговата партија беа построени на жештината, репортерката на јавниот сервис им го одземаше зборот на граѓаните доколку, покрај фалбите, некој макар и навестеше дека би можел да каже нешто надвор од еуфоријата. Не е важно што новинарката, која беше таму од името на сите граѓани, се однесува како лоша портпаролка на новоизбраниот претседател, навикнати сме. Кој сака да ги види тепачите и удбашите на Вучиќ како малтретираат новинари ќе мора да побара на интернет. Бидејќи медиумите во Србија се слободни.

Покрај потресениот и со пофалби преплавен Вучиќ и неговата свита, убавото време и химничкиот патриотизам, постројувањето на кичесто униформираните војници, црвените теписи, нема да останат позначајни детали за паметење. Освен еден можеби. Премиерот во оставка и свежо заколнат претседател кон Уставот на Србија додаде уште една книга пред која се обврза на верност: Евангелието на Мирослав.
Кириличниот ракопис е заведен во светското културно наследство. Неговата дигитална копија заедно со авангардното книжевно списание „Зенит“ е предвидена како дел од дигиталниот трезор на светското културно наследство на Конгресната библиотека во Вашингтон. Што бара оваа книга на заклетвата на претседателот на Република Србија?

Дали Вучиќ ни порачува дека ќе престане затворањето на весници, давењето на уметничките здруженија, дека културното наследство и културата воопшто ќе бидат негови приоритети? Премногу убаво за да биде вистинито.

Dragoslav Dedovic Kommentarbild App

Драгослав Дедовиќ

Не е лошо што некој претседател се повикува на древни ракописи. Само, што навистина пишува во Евангелието на Мирослав? Мирослав и неговите илуминатори одлучиле во 12. век да направат книга во која се наоѓаат текстовите на сите четворица евангелисти, но распоредени според деновите на читање во црквата. Значи, книгата е црковна. Бидејќи Вучиќ и не паѓаше многу в очи како теолошки верзирана личност, малку е веројатно дека неговата заклетва над Евангелието на Мирослав е христијански инспирирана.
На Вучиќ не му беше доволно да застане на уставниот терен, кој е и онака лизгав бидејќи уставното право на Косово се завршува на еден мост преку Ибар. Му беше потребно да го пронајде оној дел од српската историја кој не е злоупотребен од радикалите, но е доволно историски бременит и национален па може да послужи како провајдер кој ќе ги спроведе позитивните сигнали од минатото директно на говорницата на Вучиќ.

Александар Вучиќ е продолжение на древниот налог кој братот на големиот кнез Стефан Немања, хумскиот кнез Мирослав им го дал на своите писари. Тој, на тој начин, стапува во спиритуелна врска со Немањиќи. Тој себеси така се гледа. Отсекогаш така се гледал, само сега има и претседателска титула како круна и жезло.
Суштински, Александар Вучиќ ни порачува дека тој е логичен пароксизам на вкупната српската историја. Малку ли е?

Мене ми останува само да кажам преку устата на ѓаконот Глигорие од Бело Поле: Јас го составив ова писание до големославниот кнез Александар. А мене, господине, не ме заборавај грешниот.

Реклама