Евакуација и вонредна состојба на Хаваи | Панорама | DW | 07.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Евакуација и вонредна состојба на Хаваи

По силниот земјотрес и ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваи, на викендот неколку илјади луѓе мораа да бидат евакуирани. Локалните власти соопштуваат за повеќе уништени или тешко оштетени куќи.

Земјотресот со сила од 6,9 степени, кој го погоди најголемиот остров на американската сојузна држава Хаваи во петокот, предизвика уште позасилена активност на вулканот. Земјотресот на Биг Ајленд е најсилниот по 1975. година, но не предизвика цунами. Неговиот епицентар е на длабочина од околу пет километри на јужната страна на вулканот Килауеа. Овој вулкан е еден од петте активни на островот и еден од најактивните во светот.

Поради земјотресот илјадници домаќинства привремено останаа без електрична енергија. Властите го затворија Националниот парк, кој се простирана една десетина од површината на островот, а околу 2600 посетители се пренесени на безбедно место. По вулканската ерупција, надлежните служби предупредија од екстремно висока опасност од отровни сулфурни гасови, посебно за постарите луѓе и оние со проблеми при дишењето.

Снимките од воздух прикажуваат лава со портокалова боја, која вулканот ја исфрла во воздух од пукнатина долга околу 150 метри. Лавата се движи во шумска област, каде се наоѓаат околу 770 куќи. Заради поитна помош на засегнатите луѓе во областа, таму е прогласена вонредна состојба поради катастрофа. Гувернерот Дејвид Ијџ нареди и мобилизирање на Националната гарда.

Гледај видео 00:58

Хаваи во страв

    

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама