Дронови го парализираа лондонскиот аеродром Гетвик | Свет | DW | 20.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дронови го парализираа лондонскиот аеродром Гетвик

Последиците се почувствуваа во голем дел од европскиот воздушен простор - лондонскиот аеродром Гетвик со часови беше затворен поради безбедносни причини.

На седмиот по големина аеродром во Европа, лондонски Гетвик, сообраќајот беше запрен со часови. По информациите дека на пистата се видени повеќе дронови, сите полетувања и слетувања беа запрени вчеравечер, во 22:03 часот по средноевропско време. Многу патници со часови беа „заробени“ во авионите подготвени за старт, додека авионите кои требаше да слетаат мораа да бидат пренасочувани, делумно и на аеродроми оддалечени по неколку стотици километри.

Сообраќајот повторно почна во 03:01, но по само 45 минути беше повторно запрен поради тоа што повторно биле видени неколку дронови.

„Им се извинуваме на патниците за непријатностите, но безбедноста на нашите патници и вработени е највисок приоритет“, беше соопштено на Твитер од страна на аеродромот.

Додека трае полициската истрага, патниците својата лутина ја изразуваат на социјалните мрежи и прашуваат како е можно вториот поголемина аеродром во Велика Британија да го нема под контрола сопствениот воздушен простор.

Брзо завршување на хаосот не е на повидок. Напротив, на патниците им се препорачува и денеска прво да проверат со авиокомпанијата со која летаат дали е сѐ во ред со нивниот лет и времето на полетување и слетување.

Повеќе: Иднината на живеењето - роботизирано и вмрежено

Од крајот на јули во Велика Британија во сила се нови закони, според кои сопствениците на дронови подлежат на казна доколку нивните беспилотни летала се приближат до аеродромскиот простор на помалку од еден километар. Доколку дронот загрози авион, сосптвеникот ризикува затворска казна во траење до пет години.

DW.COM

Реклама