„Дрим тим“ - борба за втор референдум за Брегзит | Свет | DW | 22.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Дрим тим“ - борба за втор референдум за Брегзит

Двајца британски пратеници надвор од партиските рамки се борат против Брегзит. Пратеничката на Ториевците, Ана Собри од Нотигсхемшир и на Лабуристите, Ман Чука Умуна од Лондон.Тие бараат втор референдум.

Како е да се работи заедно со конзервативката Ана Собри? „Тоа е вистинско задоволство", вели Чука Умуна од Лабуристичката партија со широка насмевка на лицето. Собри е позната по нејзината решителност и „остриот јазик". Овој тип на надпартиска соработка е реткост во Велика Британија, таму каде што има длабока идеолошка поделба и високи класни бариери. Но, она што ги обединува двајцата е борбата против Брегзит, кој треба да стане реалност на 29 март 2019 година. Нивната заедничка цел е втор референдум, на кој повторно ќе се преиспита волјата на граѓаните.

Меј нема шанса во парламентот

Од 2010 година Ана Собри го претставува својот изборен округ во Брокстов, мало гратче во Мидлендс со над 54% гласачи кои гласаа „ЗА“ на референдумот за излез на земјата од ЕУ: „Точно, има многу лути и разочарани гласачи", ја објаснува ситуацијата во својот регион оваа пратеничка. Но, тие ќе продолжат да се лутат и по Брегзит бидејќи ветувањата нема да се остварат. „И потоа, особено младите луѓе ќе имаат чувство дека сме им ја украле иднината", вели таа.

„Во парламентот едноставно нема консензус за ништо", ја опишува ситуацијата и нејзиниот истомисленик Чука Умуна. Овој лондончанец, која има татко по потекло од Нигерија и мајка Британка е правник од изборниот округ кој имаше највисока стапка на про-ЕУ гласови во цела земја. Значи тој дома не треба да убедува никого, но неговата Лабуристичка партија е поделена и води нејасен курс бидејќи не сака да ги исплаши гласачите од североистокот и Мидлендс. Дополнително и поради тоа што шефот на партијата, Џереми Корбин е познат ЕУ-скептик.

Сепак Лабуристите во парламентот одлучија дека ќе гласаат против Тереза Меј, вели Умуна, а истото го најавија и другите опозициски партии, шкотската Национална партија (СНП) и Либералите. Како стојат работите кај Ториевците? „Во моментов Меј е во тешка ситуација, не само поради тоа дека идеолошки хардкор Брегзитерите од редовите на Ториевците ќе гласаат против нејзиниот договор, туку и поради тоа што и другите не го сакаат", вели Ана Собри. „На пример, луѓе како јас, кои веруваат дека најдобриот договорт за земјата е да останеме во ЕУ." Исто така и Северната протестантска и унионистичка партија (ДУП) најави дека нема да го поддржи договорот.

Großbritannien London Kampagne für 2.Referendum Chuka Umunna und Anna Soubry (DW/B. Wesel)

Умуна и Собри со една цел - втор референдум

Единствен излез е втор референдум

„Ако договорот за Брегзит добие јасно 'не', тоа ќе биде економска катастрофа," вели Чука Умуна кој за време на владата на Камерон, беше портпарол за економија на Лабуристичката партија. „Тоа ќе биде целосен неуспех од страна на парламентот, и потоа изборот би бил меѓу договорот на Меј и членство во ЕУ. Со ова прашање мора повторно да му се обратиме на британскиот народ за да донесе одлука.“

„Постои стравување од поделба што би можел да ја предизвика втор референдум", вели тој. „Има луѓе кои велат дека тоа била волјата на народот. Но, тоа беше пред две и пол години и волјата на народот може да се промени. Јас живеам во млада по структура населба, во меѓувреме има два милиони млади луѓе повеќе, кои сѐ уште немале прилика да го кажат своето мислење во однос на Брегзит."

Според него, не само во неговиот изборен округ, туку и пошироко расте бројот на поддржувачи на ЕУ, а и последните анкети спроведени во целата земја покажуваат промена. Дури и Ана Собри јавува за одредено омекнување на мислењето во претежно антиевропскиот Мидлендс. „Верувам дека кај луѓето има вистинска желба да бидат прашани уште еднаш. Ние работиме на тоа и во последниве шест месеци имаме постигнато многу. Продолжуваме и понатаму до целта." Сега кога луѓето сфатија дека Брегзит нема да ги донесе придобивките во кои веруваа, ќе треба повторно да гласаат, додава Умуна.

Кон крајот на октомври двајцата пратеници заедно учествуваа на демонстрациите во Лондон, на кои околу 700.000 Британци излегоа на улица со барање за втор референдум. „Секогаш ми префрлаат дека јас зборувам само за елитата во главниот град," велу Умуна но таму се покажа дека дојдоа луѓе од сите краеви на земјата и од сите класи за да протестираат. Ана Собри одржа посебен мотивирачки говор, а расположението на присутните дава надеж. Премиерката Тереза Меј има спротивно мислење и таа со месеци ја повторува истата изјава: „Нема да има втор референдум."

Повеќе: 

Хаотични денови во Лондон

Брегзит: Џереми Корбин, заборави го егото!

Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

Поделби и смртни закани

Летото двајцата пратеници беа обвинувани дека сакаат да основаат нова партија од либералните Ториевци и Лабуристите кои тендираат кон центарот. Всушност, про-Европејците во Велика Британија во моментов немаа политичка партија која би ги обединила. Според изборниот систем, малите партии речиси и да немаат можност за напредок, па двајцата жестоко негираат дека имале такви намери. „Ние не сме Тројански коњ", вели Чука Умуна за ваквите обвинувања. Двајцата пратеници се познати по тоа што водат заедничка борба во своите партии, но и во фракциите. „На луѓето им е преку глава од старата политика со кланови на лева и десна страна."

Тоа што Умуна и Собри се споиле во борбата против Брегзит има своја цена: Умуна е под напад од поддржувачите на Корбин во сопствената партија и етикетиран како предавник. Ана Собри, пак, дополнително и поради тоа што жените во политиката навлекуваат повеќе омраза, постојано добива смртни закани. „Последната сериозна закана ја добив минатата недела", вели таа. Случајот ѝ го предала на полицијата. „Човек може само да крева раменици и да се чуди", вели Собри и додава дека „три лица кои се заканувале веќе се казнети". „Ова е многу лоша ситуација во британската политика, и ние треба да учиме од овие грешки." Дебатата за Брегзит е особено груба на социјалните мрежи. Но Собри и Умуна се обидуваат да не бидат засегнати од тоа. Како си ги делат обврските? „Тој е добиот", вели Собри и се смее. „Таа е карате кид", возвраќа Умуна. Двајцата се „дрим тим“ во борбата против Брегзит.

 

DW.COM

Реклама