Драстично зголемен број на сајбер-напади врз НАТО | Свет | DW | 19.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Драстично зголемен број на сајбер-напади врз НАТО

Бројот на хакерски напади врз НАТО пораснал значително. Во минатата година, месечно имало во просек по 500 опасни напади врз институциите на Алијансата. Тоа е пораст за 60 проценти во споредба со 2015.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази голема загриженост поради порастот од 60 насто на сајбер- нападите врз Алијансата во минатата година, и предупреди од можни манипулации за време на претстојните избори во повеќе европски земји.

„Според нашите последни анализи, во минатата година месечно имаше во просек 500 заканувачки хакерски напади против институциите на НАТО“, рече Столтенберг за денешното издание на германскиот весник Велт.

„Посебно сум загрижен поради тој пораст. Прашањето на сајбер-безбедноста ќе игра важна улога на наредниот самит на НАТО (во Брисел). Треба да продолжиме да ги зајакнуваме нашите капацитети на терен“, рече тој.

NATO-Generalsekretär Jens Stolten

Јенс Столтенберг

Поголемиот број сајбер-напади врз НАТО во 2016 година не ги извршиле приватни лица, туку биле поддржани од државни институции од други земји, рече Столтенгерг, не наведувајќи притоа за кои земји станува збор.

Неодамна САД и Германија ја обвинија Русија дека извела хакерски напади врз нив, но Москва веднаш го отфрли тоа.

Овие сајбер напади можат да ги „оштетат инсталациите за одбрана на НАТО“ и да им наштетат на активностите на неговите вооружени сили, рече Столтенберг. Тој, исто така, предупреди дека вакви напади би можеле да се случат за време на изборите кои е предвидено да се одржат годинава- во Германија, Франција и во Холандија, сите земји членки на Алијансата.

Столтенберг ги отфрли критиките на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека Алијансата не се занимава со одбрана од тероризмот.

„НАТО веќе e силно ангажиран во борба против меѓународниот тероризам“, рече генералниот секретар на Алијансата.

Столтенберг рече оти е апсолутно сигурен дека САД ќе продолжат „безрезервно да го гарантираат својот ангажман во НАТО“, и оти Трамп многу јасно му рекол дека САД ќе продолжат да се сметаат за ангажирани во тој сојуз.

 

DW.COM

Реклама