Драматични мерки во Венецуела | Економија | DW | 20.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Драматични мерки во Венецуела

Падот на цената на нафтата предизвика голем пад на приходите на Венецуела и ја заостри уште повеќе огромната криза. Претседателот Мадуро сега најавува драматични реформи, меѓу другото и кратење на пет нули на боливарот.

За да ѝ даде поттик на лошата економија, венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави монетарна реформа и зголемување на минималната плата за 3000 проценти.

Реформите треба да стапат во сила денеска, а сѐ ќе почне со реформата на валутата. Боливарот би требало да има 5 нули помалку. Покрај зголемувањето на минималната плата, би требало да има пораст и на даноците за претпријатијата. Освен тоа, цените на бензинот би требало да бидат на меѓународно ниво.

Економските експерти сметаат дека ваквите мерки побрзо ќе ја зголемат хиперинфлацијата, отколку што ќе помогнат за решавање на проблемите. „Реформата на боливарот е како третман кај некој познат пластичен хирург во Каракас - изгледа поинаку, но во реалноста не се менува ништо. Тоа е само фејс-лифт“, оценува, на пример, економистот Стив Ханке од универзитетот „Џон Хопкинс“ за forbes.com.

Venezuela Präsident Nicolas Maduro (picture-alliance/Photoshot/Miraflores Press)

Претседателот Николас Мадуро ги обвинува САД за водење економска војна против Венецуела

Два милиона боливари за едно кафе

Експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценуваат дека инфлацијата во Венецуела годинава ќе достигне 1.000.000 проценти. Поради тоа, во земјата сега е тешко да се најдат книжни банкноти. Најголемата банкнота досега беше онаа од 100.000 боливари. Но, во моментов, на пример, едно кафе чини повеќе од два милиона боливари.

Опозицијата во Боливија го обвинува Мадуро за диктатура, недомаќинско работење и корупција. Претседателот пак, ги обвинува САД за водење економска војна против Венецуела. За утре се најавени протести ширум земјата, предводени од опозицијата.

Повеќе: Венецуела на чекор до имплозија

Лошата економска ситуација и несигурноста која од тоа произлегува, тераат многу граѓани на Венецуела на бегство во соседните земји. Бразил, по насилните судири меѓу домашното население и бегалци од Венецуела кои се случија во последните денови, донесе одлука да испрати 120 војници на границата со соседната земја. На границата би требало да бидат испратени и здравствени експерти, најави Министерството за јавна безбедност.

Гледај видео 01:24

Галопирачка инфлација во Венецуела

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама