До петок продолжува да паѓа обилен снег | Свет | DW | 10.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

До петок продолжува да паѓа обилен снег

Метеоролозите во Австрија и во Германија очекуваат натамошни обилни снежни врнежи, а со тоа и заострување на и онака хаотичната ситуација во регионот на Алпите.

Снежи, снежи и уште повеќе снежи... Снежното невреме парализираше големи делови на Австрија и на германската покраина Баварија. Во алпскиот регион мора да се смета на уште околу половина метар нов снег до петок, објавија денеска метеоролозите. Поради опасноста од лавини се затворени пристапните патишта до многу места. Поради тоа заглавени во снегот и отсечени од светот, покрај мештаните, се и голем број туристи. Во некои региони во Австрија паднаа и до два метра снег. На Алпите, на двете страни од границата, без струја се над 4.000 домови. Воени хеликоптери им доставуваат храна на погодените.

Расте бројот на жртви

Според последните информации, во снежното невреме кое трае веќе седум дена загинале најмалку 15 лица, главно во лавини или поради паѓање на дрва, чии крошни не ги издржаа големите наноси на снег. Австриската полиција соопшти денеска дека едно 16-годишно момче загинало во лавина додека скијало во текот на вчерашниот ден. Инаку, новите масивни снежни врнежи создадоа проблеми и во средна Германија како и во делови на Чешка. 

Повеќе за снежниот хаос на Алпите од двете страни на границата во следново видео:

Гледај видео 01:15
Now live
01:15 минути

Снежна стапица

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама