Дојче банк повторно прави профит | Економија | DW | 01.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Дојче банк повторно прави профит

Најголемата германска банка по неколкугодишно работење со загуби, во 2018-та конечно повторно забележала добивка. Сепак, дивидендата нема да се зголеми.

Добивката на Дојче банк во 2018 година изнесува 341 милиони евра. Минатата година банката забележа нето-загуба од 735 милиони евра. Првиот човек на Управниот одбор на Дојче Банк, Кристијан Севинг е задоволен: „Враќањето во зоната на профит покажува дека Дојче банк е на вистински пат.“

Сега треба добро да се размисли за наредните чекори:

Deutsche Bank - Christian Sewing (picture-alliance/dpa/A. Dedert)

Кристијан Севинг

„Во 2019-та натамошно ќе ги намалуваме трошоците и истовремено ќе инвестираме во пораст. На тој начин ќе ја зголемиме супстанцијално профитабилноста и по завршувањето на оваа година“, нагласува Севинг.

Намалувањето на работните места, според него, се одвива според планот. До крајот на годинава треба да останат значително помалку од актуелните 90.000 вработени банкари. Акционерите, и покрај профитот, би требало да добијат иста дивиденда од 11 центи по акција.

Повеќе: 

Рација во Дојче Банк

Бавна смрт на германските банки?

Дојче банк пред пропаст?

Дојче банк е во криза со години. Во 2015 година тогашниот шеф на Урпавниот одбор, Џон Крајан, пријави рекордна загуба од 6,7 милијарди евра. Во 2016 година минусот, поради една огромна казна во САД, изнесуваше 1,4 милијарди евра. Во 2017 година американската даночна реформа спречи излегување од минусот, кој изнесуваше 735 милиони евра.

DW.COM

Реклама